АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ од Могила Оливер Ристески си поднесе оставка откако деновиве МВР во својот Билтен објави дека бил затекнат како се движи од селото Древеник до Долно Српци во полициски час без дозвола и како со други лица влечат исечени дрва во трактор. Иако и министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој е од истата партија со него, на прес конфреренција потврди дека таков настан имаше, Ристески изјави дека против него се води политичка хајка, а потоа си даде оставка.
„Ме погоди хајката организирана од политички неистомисленици против мене како претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ, а втора работа, во делот на хајката, на министерот за внатрешни работи му наметнаа изјава да каже како што сработиле во СВР Битола, но не е сработено како што треба и не е точно напишано во билетенот. Од тие причини, не сакајќи да и наштетам на партијата, си давам неотповиклива оставка од функцијата претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Општината Могила и останувам до крај на располагање на мојата матична партија” рече Оливер Ристески за ТВ Алфа.
Апла.мк уште во понеделникот објави за настанот, детално за полицискиот битен и оправдувањата на Ристески кои можете да ги прочитате на следниот линк