АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалниката Наташа Петровска бара вонредена седница на Советот на која ќе се одлучи да се донираат финансиски средства за доопремување на микробиолошката лабораторија во Центарот за јавно здрвје за дијагностицирање на КОВИД-19.
"Со адаптацијата и опремувањето на лабораторијата, ќе се овозможи тестирање за детекција на присуство на корона вирусот во молекуларната микробиолошка лабораторија во Битола, со што би биле задоволени потребите на општината и Југозападниот регион на државата. На овој начин би се добило побрзо тестирање од досегашното, бидејќи сите тестови се работат во Скопје. Ги јакнеме капацитетите и за сегашно време и за идни потенцијални слични ситуации.", се наведува во соопштението од Општина Битола