АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По два и пол месеца, битолските кафулиња денес ги отворија вратите за гости. Тие во најголем дел ги почитуваа протоколите што ги усвои Владата за работа на кафетериите со преземање на мерки за заштита од КОВИД -19. Денес работеа само отворените делови од кафулињата со наместени маси на оддалеченост од метар и половина до два метра, а на секоја маса имаше средства за дезинфекција.
Битолчани, познати како љубители на кафето, а на кои им недостигаше и навиката да излезат низ лоаклните на Широк Сокак, денес ги наполнаа некои од кафулињата. Некаде точно се почитуваше мерката да седат по двајца на маса, а некаде седеа по неколку пријатели. Дел од кафулињата имаа поставено и редари кои не дозволуваа да се создава метеж и внимаваа правилно да се спроведуваат протоколите.