2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Советот донесе одлука да се отстранат оградите од терасите на кафулињата од денес

Април 05, 2021

 

На денешната седница советниците од општинскиот Совет ја изгласаа одлуката угостителите да ги отстранат оградите од терасите од денес наместо  на  предвидениот рок - 15 април, за да се избегне престојување на повеќе лица во затворен простор

 

 Градоначалничката Наташа Петровска имајќи ја предвид состојбата со заболени лица од КОВИД-19 во општината, побара да се донесе „Одлука за изменување на Одлуката за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Битола“. Со донесувањето на оваа одлука се бара имателите на угостителските објакти да ја отстранат урбаната опрема-метална ограда со стакло, како и дрвената платформа, наместо на 15 април, истото да го направат почнувајќи од денешниот ден.

Советниците од коалицијата на ВМРО ја напуштија седницата затоа што не се изгласа нивното барање да се одложат сите точки на дневен ред а да се разговара само за здравствената состојба

Донесувањето на оваа долука треба да биде една од мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.

Минатата недела, градоначалничката Петровска побара од угостителите да ги отворат објектите во деловите наменети за пушачите пред законскиот рок од 15 април, се со цел да се намали ризикот од престој во затворени локации. Дел од битолските угостители позиитивно одговорија на нејзиниот апел, а со денешната одлука таа мерка станува задолжителна и за останатите угостители.

 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани