АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Колку возила учествуваа при вчерашната сообраќајна несреќа на улицата „Партизанска“ во Битола? Според очевидци на настанот, жители од околните згради, кои за време на судирот биле на улица во несреќата учествувале пет возила, некои посериозно оштетени, а некои поминале без посериозни оштетувања.
Полиција, пак, дури денес излезе со информација за сообраќајната несреќа. Во него пишува дека се судриле само две возила.
„Во 18,30 часот пријавена е случена сообраќајна незгода на улица Партизанска во која учествувале две патнички возила „форд мондео“ и двете со битолски ознаки, управувани од Д.Ј. (29) од село Крстоар и П.А.(62) од Битола. Во незгодата Д.Ј. се здобил со телесни повреди“, соопштија од полицијата.
Според она што на терен го затекнаа новинарските екипи, пет возила, меѓу кои четири автомобили и едно комбе го чекаа увидот на полицијата. Новинарските извештаи укажуваат на две сообраќајни незгоди поврзани една со друга. Имено, две од возилата се судриле, третото закочило, а позади него се удриле возило и комбе. Последните две возила минале без оштетувања. На фотогрфиите направени на местото на несреќата меѓу возилото и комбето се гледа искршен материјал на асфалтот. Воедно , искршени се и три улични контејнери.