АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Да ѝ се даде шанса за живот на независната културна сцена од внатрешноста во државата, апелираше преку пост и видео обраќање на социјалните мрежи сопственичката на Интимен Театар Софија Ристевска- Петрушевска до Министерството за култура. Постот напиша дека е мотивиран од страв додека културните работници чекаат Министерството за култура да ги објави резултатите кои проекти ќе добијат финансиска поддршка од државата за годинава.
„Интимен театар од Битола веќе четири години не добил никакви средства од Министерството за култура. Оваа година конкуриравме во драмска и во интердисциплинарна дејност, и се плашам дека ако и оваа година не добиеме грант, нема да можеме да ја одржиме во живот самата структура на организацијата. Досега мал приватен бизнис, Хотелот Театар во чијшто простор веќе осум години работиме, успеваше да влева дел од своите приходи во нашата организација, но благодарение на ковид кризата, малиот бизнис е сосема мртов и ние остануваме без основни средства за работа и одржливост. “, напиша Ристевска-Петрушевска.
Познатата режисерка истакнува дека овие култрни организации финкционираат во мали средини од каде секојдневно се иселуваат младите, а сепак успеваат да создадат култура.
„Населението за жал, заминува, емигрира, а со тоа се намалува просторот во којшто овие организации дејствуваат. И покрај оваа ситуација, организациите од внатрешноста успеваат да привлечат артисти и млади луѓе, и успеваат да бидат светли точки, во развитокот на градовите кадешто дејствуваат! Без овие организации од внатрешноста сосема би се изгубил културниот еко систем во државата, што во моментов стои на стаклени нозе“, додава таа.
Валентин Дамчевски седум години член на Интимен театар ја истакнува важноста на оваа театарска сцена за младите и порачува Битола залсужува да има младински театар.
„ Интимен Театар веќе 4 години не добива никакви финансии од Министерството за култура. Младинската Сцена од своето постоење никогаш немала шанси да профитира, а зад себе има оставено квалитет, автентичност и препознатливост со своите претстави. Младинската сцена при Интимен Театар секоја година учествува на низа театарски фестивали во Р.Северна Македонија, Бугарија и Србија, и никогаш не се вратила без вредни награди! Финансискиот товар за создавање театарски продукт паѓа врз самата продукција која не добива финансии и врз актерската екипа која трошоците ги покрива доброволно и солидарно. Младинската сцена до сега, а зборуваме за период од 7 години, има добиено само 2 (две) финансирања од локалната самоуправа во вредност не поголема од 500 евра во денарска противвредност“, вели Дамчевски.
Тој додава дека „Интимен театар“ се занимава со современ социо-психолошки ангажиран театар работен во еден истражувачки процес во кој секогаш се зема предвид размислувањето и ставовите на младите луѓе во нашата локална заедница. Токму поради ова, нашиот театар заслужува со сè она што има сработено до сега, конечно да го добие она што го заслужува, а тоа е финансиската поддршка од Министерство за култура, истакнува тој.
Од Интимен театар апелираат до Министерството за култура и до комисиите да се разгледаат детално портфолијата на организациите и да не се расцепкува и така малиот буџет на милион мали порции за да се доделат на нереални организацииа. Бараат да се укрупнат грантовите и да се дадат на реалните чинители на независната културна сцена.