Процентот на заболени лица кои се ревакцинирани е навистина многу мал, околу 0,02 проценти. Од вкупно 330 илјади ревакцинирани, 92 пациенти се заболени од Ковид-19. Ова е уште еден доказ за тоа колку е корисна вакцината, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој испрати апел сите граѓани да знаат и да се свесни дека вакцинирањето е единствен начин да се смени сликата за пандемијата.
Министерот денеска посочи дека прилично добро се одвива целокупниот процес на вакцинација. Денеска се очекува да се надмине бројката од 500 илјади вакцинирани лица, со најмалку една доза, а над 330 илјади се веќе ревакцинирани.