АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Прикажаниот график дава споредбена анализа на број на новозаразени 5.1.2021 - 20.1.2021 и 5.1.2022-20.1.2022. Разликата огромна. Поентата на споредбата не е за стручни медицински анализи (да нема забуна, прво, не сум од оние кои даваат експертиза за се' , во медицината апсолутно немам познавања; второ ниту од оние кои лутаат со коментари при промена на теми за докторски дисертации). Табелата е приложена за нагласување на политикантството на некои џанам политичари. Состојбите беа многу поинакви во минат период ама уста не затворија од мајтапење со преземените мерки, активностите, заложбите... ни делеа маски, критикуваа, не' споредуваа со други градови критикувајќи не' дека не работиме како што треба. Проблемот е комплексен, и тогаш нагласував и сега. Не критикувам што се прави или не се прави, ниту дали се прави, само го нагласувам ПОЛИТИКАНТСТВОТО. Ама ете така, истиот етер во кој лажеа преку нарачки дека цел кат од болницата бил за мене испразнет, истиот етер ги има и нивните изјави и активности во минатото, а и во истиот етер е нивниот молк за сегашниве високи бројки додека седат на позициски столчиња. И така, ова е школски пример за нечие политиканство на маката на народот. напиша екс-градоначалниката Наташа Петровска на нејзиниот фб профил.