2win800x200

Пожар на трафостаница на ЕВН веќе неколку часа остави без струја дел од Битола и Потпелистерието. Поширокото централно подрачје од градот како и селата Дихово, Трново, Магарево, Ротино, Нижеполе, Ѓавато без електрична енергија останаа после пладне, а од контакт  центарот на ЕВН информираат дека прекинот во снабдувањето може да потрае бидејќи екипите се на терен и се констатира какви штети предизвикал пожарот

Е.М

 

Дваесетина дена црквата „Света Богородица“ во битолското село Трново е без струја, се жалат од Црковниот одбор. Велат дека струја снемало на 18 ноември кога влажниот и тежок снег ги искинал жиците од бандерите. Во исто време без струја останаа и повеќе битолски села, но таму дефектите беа санирани.

Вчерашното невреме проследено со силни врнежи од снег најголеми проблеми во снабдувањето со електрична енергија предизвика во Битолскиот регион, информираат од ЕВН. И натаму без струја се неколку градски населби, како и повеќе села во Општина Битола, а струја нема и во селата во Новаци, Демир Хисар, Прилеп, Маврово, Кичево.

Обилните врнежи од снег во Битола предизвикаа проблеми во снабдувањето со електрична енергија во градот и околните села.

Вклучена е струјата во десетте битолски училишта кои ЕВН ги исклучи пред еден месец поради неплатени сметки во вкупен износ од 8 милиони денари, со што се создадоа услови за непречен старт на новата учебна година.  Општина Битола  подмири поголем дел од долгот  на 8 основни и 2 средни школи, кои од 2012 година имаат блокирани сметки и не можат редовно да ги плаќаат обврските. Остатокот е договорено да се плаќа на рати. Доверителите покажале добра воља на кратко да ги повлечат извршните решенија за да се деблокираат сметките.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани