АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со бехатон плочки е послана уличката кај Градскиот пазар која од подвозникот кај поранешната стоковна куќа Јавор води кон Зеленот пазар. Ова место иако фрекфентно со години беше запоставено, со кал и дупки, на што често се жалеа не само станарите од околните згради, туку и пазарџиите и граѓаните.
-Завршивме со едно партерно уредување на овој дел од пазарот. Покриевме уште една кал која што ја имавме во Битола и добивме малку поинаков изглед во овој дел во Битола, фрекфентен дел каде што не поминуваат само пазарџиите туку и нашите граѓани, рече градоначалничката Наташа Петровска.
Денеска е пазарен ден во Битола, а тезгите на Градскиот зелен пазар тежат од свежи земјоделски производи, зеленчук и овошје. Повозрасните битолчани пазаруваат , додека помладите го пијат претпладневното кафе на Широк Сокак и уживаат во прошетките на Градското шеталиште.