АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во Битола денеска се регистрирани 86 новозаболени, а активни се 745 случаи. Хоспитализирани се 89 пациенти, повеќето со потешка клиничка слика. Вкупниот број на заболени во Битола од почетокот на пандемијата е 4419, а починале 179 лица како псоледица од компликации од КОВИД-19
На еден пункт и со две екипи кои ќе работат во две смени ќе се одвива вакцинацијата во Битола против КОВИД-19 во оваа фаза од процесот. Здравствениот дом денеска ги завршува последните подготовки за утрешниот страт. Термините се веќе пополнети за неколку дена, а доколку се зголеми обемот на вакцинација и закажувањата преку „мој термин“ ќе бидат отворени и други пунктови во Битола.