
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолчани во едно се согласуваат дека низ улиците во градот се вози пребрзо, не се почитуваат ни правила, ни прописи, а неретко улиците се злоупотребуваат од возачите „камикази“ без оглед дали се со автомобили или мотори и скутери. Но, за жал битолчани едно се однесуваат кога се возачи, а друго кога се во позиција на пешаци. Во билтените на сообраќајната полиција секојдневно се регистрираат прекршоци од несовени возачи, се изрекуваат казни но состојбите не се подобруваат.
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон ја поздави Битола како да е главен град на Македонија, откако и националниот координатор за НАТО во Македонија, Стево Пендаровски, рече дека таа е стариот главен град на Македонија и ги повикаа битолчани да излезат на рефрендумот. Тие гостуваа на трибината „За европска Македонија“ што се одржа на отворено на местото каде некогаш беше Белата фонтана во Битола.
Активностите околу проектите за топлификација и гасификација на Битола беа главните теми на кои денес се разговараше на средбата на градоначалничката Наташа Петровска со генералниот директор на АД ЕЛЕМ Драган Миновски, директорот на инвестиции и развој во АД ЕЛЕМ Иван Трпески, директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски и помошник директорот за производство во РЕК Битола Златко Ќурчиевски. Раководството на АД ЕЛЕМ и РЕК Битола ја информираа градоначалничката Петровска за конкретните активности во однос на реализацијата на овие процеси, со што во наредниот период треба да се интензивираат проектните активности.
Приоритет на Владата и локалната власт е економскиот напредок, создавање европски општини, со најдобри услови за граѓаните. Клучни во оваа насока се растот на платите и изградбата на инфраструктурни проекти во Битола, рече министерот за финансии Драган Тевдовски, на денешната средба со градоначалничката Наташа Петровска.
Нека 30 септември е денот кој ќе биде празник за современата македонска историја, за европска Битола и европска Македонија, повика градоначалничката Наташа Петровска вечерва од митингот "За европска Македонија" што се одржа на плоштадот „Магнолија“.
-Овде сме да ја покажеме нашата политичка зрелост, не како политичари, туку како битолчани дека умееме да учиме од историјата , она што било добро да го зачуваме , она што не чинело да не се повтори. Важно е во овие моменти да се одбере патот на иднината на државата како потврда на таа зрелост, рече градоначалничката Петровска пред битолчани.