АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со измерени минус 18 степени најстудено утрово повторно беше во Битола. И претпладнево во земјата е ведро и студено, наместа со појава на умерена облачност. Дува слаб западен ветер. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец .
Утре и за време на викендот ќе преовладува облачно време со магла по одделни котлини. Во крајните западни делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд, а на планините од снег. Повеќе врнежи се очекуваат од вторник.
Утрово најстудено со минус 18 степени повторно беше во Битола, а почна да вее и нов снег.
Претежно облачно со повремени врнежи од снег со слаб, а во западните делови повремено со умерен интензитет. По одделни котлини претпладне ќе има појава на магла. Во ноќните часови ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер.
Утре ќе дува умерен до засилен северозападен ветер. До петок ќе преовладува
стабилно време, а за време на викендот ќе има зголемена облачност со локални слаби
врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и планините. По одделни котлини ќе
има услови за појава на магла. Дневната температура од четврток позначително ќе се
зголеми, особено на повисоките места и на планините.
Во 7 часот утрово во Битола се измерени поларни температури од минус 20 степени.
Утрово температурата во Битола се спушти до -6 степени, а во текот на денот ќе се движи до -4 степени.
Температури под нулата има во сите населени места во Македонија, информира УХМР. Снежната покривка во Битола е 24 сантиметри.
Според прогнозата на УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен северен ветер. Во повеќе места повремено ќе провејува снег, а во јужните делови врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Максималната температура ќе биде во интервал од -6 до -1 степен.