АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Почна процесот за стандардизација на касетно отпепелување во РЕК Битола, а куповите од нестандардизирано одложената пепел се затрупуваат со земја и се врши континуирано пошумување на овие површини. За овие активности денеска биле известени активистите од неколку граѓански здруженија на информативната средба со раководството на РЕК Битола и претставници од ЕЛЕМ.
Има ли шанса Битола да добие систем за централно греење од РЕК-Битола? Ова е нова можност која се отвора по средбата на премиерот Зоран Заев со делегација од германската КФВ банка за подршка на развојни проекти, предводена од Кристоф Дискенс, директор на групацијата за Југоисточна Европа и Турција.
ЕЛЕМ започнува со преземање на мерки кои во иднина ќе го намалат загадувањето на животната средина, а на компанијата ќе и ја донесат долгоочекуваната А- интегрирана еколошка дозвола. Во таа насока денес во РЕК се одржа презентација на проект за десулфуризација од страна на експерти од кинеската компанија „JET inc“.
Граѓаните на Битола несмее да плаќаат иста цена на електричната енергија кaко и останатите градови, бидејќи се најпогодени од загадувањето од работaта на термоелектраната РЕК-Битола, ова е ставот на независната листа на советници, предводена од Габриела Илиевска.