АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Расте бројот на сообраќајни несреќи во Општина Битола, соопштија од Општински совет за безбедност на сообраќајот на манифестацијата Денови на сеќавање на жртвите од сообраќајните несреќи. Во првите седум месеци од годинава на територијата на Битола се случиле 176 сообраќајни несреќи од кои три со смртни случаи. И на ниво на држава бројот на сообраќајни незгоди се зголемува. До овој месец во Македонија имало 160 жртви и 6000 тешко поврдени лица во сообраќајни несреќи.
Нормализиран е сообраќајот на регионалниот пат Битола - Демир Хисар кај селото Лисолај каде се случи сообраќајна незгода во која загина едно лице.
Брачен пар од Скопје со џип се отпревртел на патот од Ресен за Битола во близина на селото Братин Дол, дознава Апла.мк Мажот и жената се враќале од преспанското село Стење. Во критичниот момент возачот изгубил контрола врз возилото и џипот се отпревртел. Сопружниците со возило на Брза помош биле пренесени во Клиничката болница во Битола. Двајцата се здобиле со полесни телесни повреди.
Пет лица биле пренесени во Клиничката болница во Битола по сообраќајна несреќа која попладневно се случила кај Тополчани, на патот од Прилеп за Битола. Сите се надвор од животна опасност, а меѓу нив има и дете, соопшти за Апла.мк, портпаролката на Клиничката болница од Битола, Сузана Конеска.
Полицијата го утврди идентитетот на четирите лица кои загинаа во сообраќајката што денеска околу 17 часот се случи кај селото Крушје на патот Ресен-Охрид.