Анета Блажевска

Анета Блажевска

Управителот на ЕСМ МОЛИКА ДООЕЛ Битола, Горан Исков, со дел од одговорните вработени лица изврши увид  и технички прием на автокампот „Ливадишта“ во село Радожда, Струга. Во соработка со изведувачот на работните активности утврдено е дека проектот се наоѓа во завршна фаза, а целосната реконструкција на автокампот е предвидено да биде завршена во наредниот месец. Со ова, автокампот „Ливадишта“ ќе биде отворен за сите домашни и странски посетители, овозможувајќи модерни и обновени услови за престој и одмор.

СВР Битола го одбележа 28.04.2025-Одбележување на 24 годишен помен од загинувањето на припадниците на посебната единица од СВР Битола при МВР

Денеска со положување на свежо цвеќе пред споменикот на СВР Битола и споменикот „Анѓел" кај градскиот часовник СВР Битола предвидена од Началникот Сашо Мирчески и претставниците на полицијата од СВР Битола, Делегации од преставници од БЈБ, АРМ, Министерство за одбрана, здруженија на воени ветерани, резервисти, воени инвалиди, соборците, преставници од синдикатите на полицијата, Градоначалници, советници, политички партии, ИПА Битола, полициски службеници од СВР Битола,семејствата на загинатите, оддадоа почит кон прерано починатите колеги, браќа,другари,пријатели,познаници.Исто, така денеска кај с.Вејце,тетовско преставници од СВР Битола оддадоа почит на местото на загинувањето на своите колеги.

Пред 24 години, на 28 април 2001 година за време на воениот конфликт во земјата се случи масакрот на осумте припадници на македонските безбедносни сили помеѓу селата Селце и Вејце на Шар Планина во месноста Брезовица.

На 28 април 2001 беа убиени четворица припадници на воената единица „Волци“ и полицајци при ОВР Битола – Роберт Петковски (27), Игор Костески (26), Миле Јаневски (30), Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

ЛИСТА НА ДОБИТНИЦИ НА НАДОМЕСТ ЗА НАБАВЕНА И МОНТИРАНА НОВА ПВЦ ДОГРАМА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА БИТОЛА

 
По објавениот јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавена и монтирана нова ПВЦ или алуминиумска дограма за домаќинствата на подрачјето на Општина Битола за 2025 година, ја објавуваме листата на лицата кои добиле надомест за дограма. 
 
Согласно јавниот повик, незадоволните апликанти имаат право да поднесат приговор (во хартиена форма до приемните шалтери во Општина Битола со назнака „Приговор по јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавена и монтирана нова ПВЦ или алуминиумска дограма“) во рок од 3 дена по објавувањето на прелиминарната листа до Комисија за разгледување на приговори формирана од Градоначалникот составена од членови кои претходно не учествувале во резгледувањето на документацијата по наведениот јавен повик.
Пристигнатите приговори се разгледуваат во рок од 3 дена по завршување на рокот за поднесување на приговори.

Лидија Димковска – гостинка на книжевниот клуб UTOPIA во Битола

 
Реномираната писателка, поетеса и преведувач ќе биде дел од специјалната априлска средба на Книжевниот клуб UTOPIA.
 
На 29 април (вторник), со почеток во 19:00 часот, во просториите на Utopia Private Members Club во Битола, ќе се одржи нова средба на книжевниот клуб, на која специјална гостинка ќе биде еден од најистакнатите гласови на современата македонска литература – Лидија Димковска.
 
Димковска е авторка со импресивна биографија и меѓународно признание. Како писателка, поетеса и преведувач, таа е позната по своите дела што продираат длабоко во прашањата на идентитетот, миграцијата, личните и колективни граници, како и болките и парадоксите на современиот Балкан. Нејзините романи и поетски книги се преведени на повеќе европски јазици и редовно се предмет на академска и книжевна анализа.
 
На оваа средба во Битола, вниманието ќе биде насочено кон прозните остварувања на Димковска, особено врз романот „Резервен живот“ – добитник на престижната награда „Роман на годината“ во 2012 година, како и на Европската награда за литература во 2013 година. Публиката ќе има можност да дискутира и за другите дела, меѓу кои „Единствен матичен број“, „Скриена камера“, и „Но-уи“.
 
Организаторите на настанот истакнуваат дека ова е ретка можност за директен книжевен дијалог со авторка чие творештво со децении гради мостови помеѓу поезијата и прозата, меѓу Балканот и Европа, меѓу интимното и политичкото.
 
Влезот за настанот е слободен, а сите љубители на литературата се добредојдени да присуствуваат на оваа вечера исполнета со зборови, мисли и книжевна магија.

Денес со старт од пред Саат Кула во Битола па се до с. Породин се одржа "Трка за Македонија" 21 километар во чест на загинатите бранители во 2001 година на трката учество зедоја членови од ИПА регионот Битола.

На 26.04.2024 во 22.00 часот во СВР Битола, Е.Е.(39) од Битола пријавила дека во нејзиниот дом во Битола нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од соседот А.Ч. кој му нанел тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.


Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани