Анета Блажевска

Анета Блажевска

АД ЕСМ ви го честита најголемиот христијански празник Велигден!

 
Нека овој ден, симбол на победата на животот над смртта, ви донесе топлина во семејството, насмевки на лицата и спокој и добро здравје за вас и најблиските. Да го прославиме заедно со радост и надеж за светла иднина. Ви посакуваме благословени и безгрижни денови, и изобилство од празнична радост и среќа!
 
Христос воскресе!

На 18.04.2025  полициски службеници од СВР Битола на ул.„Ѓорѓи Бејарев" во Битола  го лишиле од слобода И.Т.(22) од Битола бидејќи при преглед кај истиот била пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

 
 
 
На 18.04.2025 во 18.50 часот на ул.„Смилевски конгрес" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода две момчиња бидејќи при преглед кај истите била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 19.04.2025 во 01.20 часот во Ресен на ул.„29 ти Ноември" полициски службеници од ОВР Ресен ги лишиле од слобода Е.Р.(32) и Р.Р.(31), двајцата од Ресен. Имено, при преглед кај истите била пронајдена марихуана. По документирање на настанот ќе следуваат соодветни пријави

Три лица, едно од Битола и две од Гостивар, го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што вчера вечерта се случи на магистралниот пат Кичево-Гостивар, кај местото викано „Сеферов бунар“.

Според соопштението од СВР – Охрид, во несреќата учествувале три патнички моторни возила и тоа „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки управувано од З.Д.(64) од Битола, „форд“ со кичевски регистарски ознаки управуван од А.Р.(63) од село Горно Страгомиште, кичевско и патничко возило „опел“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Х.Е.(38) од Гостивар.

На лице место загинале возачите З.Д. и Х.Е., а сопатничката од патничкото возило „опел“ Б.Е.(38) од Гостивар, била пренесена во Медицинскиот центар Кичево каде им подлегнала на повредите здобиени во незгодата.

Во несреќата со телесни повреди се здобиле уште и возачот на кичевскиот „форд“ А.Р. и неговата сопатничка А.А.(67) од село Колари, сопатникот од возилото „мерцедес“ Д.С.(37) од Кичево и сопатниците од патничкото возило „опел“- тројца малолетници од Гостивар и Р.Е.(60) од селото Шутово, кичевско.

На местото на несреќата е извршен увид од јавен обвинител, судски сообраќаен вештак и полициски екипи.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска беше во работна посета на Охрид, пред медиумите истакна дека првичните информации во врска со несреќата укажуваат дека причина за сударот е неприлагодена брзина на движење на возилата на патот.

– Во синоќешната сообраќајка, за жал, животот го загубија три лица. Согласно првичните информации што ги добив станува збор за емормно неприлагодена брзина на еден од учесниците кој, за жал, е починат, рече Тошковски.  

Бројот сообраќајни жртви во првото тримесечје од годинава, според министерот, е отприлика сличен како минатата година, но како што оценува, бројките се катастрофални споредбено со европските стандарди.

Почитувани, саниран е сериозен дефект кој бешe предизвикан од СТЕНТОН ГРАДБА при претходно изведување на линиска инфаструктура на ул.Стив Наумов.

 
Денес иако се празнични денови дефектите во водоводната мрежа не го одминаа нашиот град.
 
Дежурни екипи од ЈКП Водовод неуморно преземаа активности на неколку локации во градот.
 
Уште еднаш, се извинуваме на граѓаните за прекинот кој не беше по наша вина.
 
ЈКП Водовод продолжува посветено да работи за граѓаните да имаат стабилно водоснабдување.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани