Анета Блажевска

Анета Блажевска

Економското училиште "Јане Сандански" ид Битола  во периодот од 6 април до 12 април, беше домаќин на третата мобилност на Еразмус плус проектот DigiTALE of Life. 

 Главните теми на оваа мобилност беа дигиталниот идентитет и дигиталниот половен јаз. 
Мобилноста беше организирана и водена од координаторот на проектот - проф. Ирена Пејчиновска, а покрај наши ученици учествуваа и професорите Дејан Стојков, Снежана Крајчевска-Плушковска и Ана Костовска. 
 
Беа вклучени три странски училишта од кои две средни стручни училишта од Турција, (Кајзери и Зиле) и едно стручно училиште од Италија (Терни).
 На свечениот пречек на гостите поздравен говор одржа и директорката на училишето Биљана Јанкуловска.

ОДРЖАН СОСТАНОК НА ЛОКАЛНИОТ СОВЕТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА – ЗГОЛЕМЕНИ ПОЛИЦИСКИ КОНТРОЛИ И ВКЛУЧЕНОСТ НА РОДИТЕЛИТЕ ЗА ЗГОЛЕМЕНА БЕЗБЕДНОСТ НА МЛАДИТЕ, ПОСЕБНО ВО ПРЕСРЕТ НА МАТУРСКИТЕ ЗАБАВИ

 
Советот за превенција при Општина Битола, денес одржа состанок на кој се разгледуваа неколку важни теми. Ситуацијата со деца малолетници во локали во ноќните часови, проблемот со деца под дејство на алкохол и обезбедувањето на безбедност на подрачјето на општина Битола за одржување на престојните матурски и полуматурски прослави, беа разгледувани како една точка на која беа презентирани моменталните состојби и беа претставени мерки за подобрување на јавната безбедност и ред, како и засилено патролирање и контролирање на јавниот ред и мир. Од страна на МВР информираа дека Одделот за превенција спроведува континуирани активности, со цел да се подигне свеста кај граѓаните и да не се предизвикуваат прекршоци.
 
Градоначалникот Коњановски, замоли за зголемено присуство на МВР на терен со цел зголемување на безбедноста. 
Од страна на МВР и Центарот за социјална работа, беше нагласено дека родителите треба да бидат поотворени за соработка, да се организираат едукативни собири, како родителите би биле активно вклучени во активностите за спречување на конзумирање алкохол и управување со мотори и автомобили.
 
МВР информираше дека, согласно доставениот список од сите организирани матурски прослави, на терен ќе има присуство на униформирани лица, а до родителите апелираа, да не им се дозволи на матурантите да управуваат со автомобили.
Градоначалникот Коњановски, нагласи дека општината е подготвена да излезе во пресрет за организација на секаков вид едукативни настани. 
 
Исто така, градоначалникот Коњановски, побара поголема вклученост на сите одговорни субјекти за решавање на проблемот со кучињата скитници, посочувајќи дека не е ретка појавата на испуштање кучиња од сопственици особено во делот кај поранешната Касарна. 
 
Директорот на ЈП Комуналец, информираше дека досега преку прифатилиштето „Хачико“, третирани се 193 кучиња, но и дека за сите проблеми на терен известена е и Агенцијата за храна и ветеринарство и се прават обиди за заедничко делување.
Почитувани,
 
Ве известуваме дека во текот на утрешниот ден 16.04.2025 (вторник), поради изведба на јазел во водоводната мрежа,  со прекинато водоснабдување од градот ќе бидат следните корисници:
 Н. Баир од (над Илинденска до Христијан Карпош,) и ул.Широка.
Со намален притисок ќе биде Стрежевска населба .
Прекинот ќе трае од  08:30ч. до завршување со активностите 
Назначен изведувач од Општина е градежната фирма e "Стентон Градба".

?РЕК Битола ја потврдува својата општествена и еколошка одговорност преку традиционалното пролетно пошумување. Оваа година, педесетина наши вработени од различни сектори во подружницата, засадија 5000 багремови садници, продолжувајќи ја заложбата за обновување на природата. 

 
?Нашата цел е двојна: стабилно производство и активно придонесување кон поздрава животна средина преку рекултивација на земјиштето, што значи почист воздух, заштита од ерозија и поплави. 
 
?Посебно сме горди што увидот во претходните пошумувања покажа одличен успех, докажувајќи ја нашата долгорочна еколошка посветеност и видливите резултати од нашите акции.

ТРЕТ ДЕЛ ОД АКЦИЈАТА ЗАЕДНО СРЕДУВАМЕ – ЗАЕДНО УРЕДУВАМЕ

 
Отстранување на кабастиот и градежниот отпад за здрава и чиста животна средина
 
Општина Битола како центар на Пелагонискиот плански регион, по препорака на Министерството за животна средина и просторно планирање, трет месец по ред, организира одлагање на кабастиот отпад и градежниот шут, во периодот од 15-ти до 20-ти април. Во наведените термини, граѓаните ќе можат да го доставуваат отпадот во терминот од 7-15 часот и тоа:
 
Кабастиот отпад ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на ЈКП Комуналец на ул. 16-та бб,
 
Градежниот шут ќе се одлага во кругот на Стопанскиот двор на КЈП Нискоградба, на ул. 16-та бб.
 
Општина Битола останува доследна во реализирањето на Акцискиот план за чист воздух донесен од Владата, од кој произлегуваат обврските за справување со отпадот и обезбедување на услови за одложување и собирање на кабаст отпад и градежен шут.

Почитувани,

 
Ве известуваме дека во текот на утрешниот ден 15.04.2025 (вторник), поради изведба на јазел во водоводната мрежа,  со прекинато водоснабдување од градот ќе бидат следните корисници:
Булевар 1 Мај  од Црн Мост до Саат - кула и населба Баир од над Илинденска до Христијан Карпош, ул. Широка,  како и ул. Охридска од  ул. Методија Трајковски  до ул. Стив Наумов.
Со намален притисок ќе биде Стрежевска населба .
Прекинот ќе трае од  08:30ч. до завршување со активностите 
Назначен изведувач од Општина е градежната фирма e "Стентон Градба".

Градоналачникот на Општина Битола Тони Коњановски денес изврши увид во градежните активности на ул."11-март", ул."8-ми Септември" и ул."Стив Наумов"

 
Започнуваа градежните активности ул.11-ти март прво ќе се отпочни со оваа улица од неколкуте улици кои ќе се реконструираат а потоа ќе бидат опфатении неколку други улици во овој дел каде што ќе се иврши комплетна реконструкција. Исто така продолжуваат и градежните активности на булеварскиот влез од страната на Прилеп. Додека на ул.Стив Наумов се работи последната делница.

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ ЗА ПРОМЕНА НА РЕЖИМОТ НА СООБРАЌАЈ НА УЛИЦА „БУРСА“ ПОРАДИ АСФАЛТИРАЊЕ

 
Поради лошите временски услови, асфалтирањето на улицата „Бурса“, наместо денес и утре, ќе се реализира во среда и четврток, односно на 16 и 17.04.2025. 
 
Заради непречена реализација на активности во рамки на проектот „Реконструкција на коловоз на дел од улица „Бурса“ во Битола (од спој со улица „Македонска фаланга“ до спој со новопроектираната улица „Индустриски пат“), на 16.04.2025 и 17.04.2025 на горенаведениот објект, односно делот помеѓу новопроектираната улица „Индустриски пат“ до „Пивара“, односно до пристапниот пат кон А.Д Фабрика за квасец и алкохол и Фабрика за шеќер, ќе биде целосно затворен за сообраќај 24 часа поради асфалтирање кое ќе се изведува во текот на целиот ден, како и пристапот од село Поешево и улица „Прогрес“ кон улица „Бурса“.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани