Анета Блажевска

Анета Блажевска

Почитувани,

 
Ве известуваме дека  
 денес на 18.04.2025 (петок), поради санација  на дефект во водоводната мрежа, со прекинато водоснабдување од градот ќе бидат следните корисници:
 Oд населба Баир (од над Илинденска до Христијан Карпош,) Охридска, Сава Ковачевиќ и ул.Широка .
Со намален притисок ќе биде Стрежевска населба 
Прекинот ќе трае од  08:30ч. до завршување со активностите.
Овластен изведувач од Општина Битола е градежната фирма СТЕНТОН ГРАДБА.

На 15.04.2025 во 10.30 часот во СВР Битола, 64-годишник од Битола пријавил дека во периодот од 15.09.2024 до пријавувањето бил измамен од М.Л.(41) од Битола за сума од 22.500 евра. Според пријавеното, М.Л. се претставила дека е вработена во МВР и тој во повеќе наврати и исплатил вкупно 27.000 евра за да му помогне со вработување на неговиот син, да му помогне при купување на стан во Скопје, како и за други услуги и за трошоци за адвокати и нотари. Како што е пријавено, бидејќи ниту една од услугите не била завршена тој почнал да си ги бара парите и му била вратени 4.500 евра, а останал оштетен за 22.500 евра. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ПРОЕКТОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА „СТИВ НАУМОВ“ ВО ЗАВРШНА ФАЗА

 
Работните активности за реконструкција на улицата „Стив Наумов“, влегуваат во завршна фаза. Во моментот се работи на последната делница, а реконструкцијата на улицата се одвиваше во должина од 2200 метри, за што Општина Битола инвестира 51.218.181 денари.
 
При увидот на терен од страна на градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, жителите од оваа улица потенцираа дека со комплетната реконструкција се решава еден голем проблем, особено со замената на старите дотраени водоводни цевки и подобрувањето на патната инфраструктура.
Градоначалникот Коњановски, нагласи дека локалната самоуправа, на овој начин, преку реализација на крупни инфраструктурни проекти, продолжува да работи во интерес на своите граѓани:
 
„Со посветена работа и јасна визија ја подобруваме целата инфраструктура. Ја реконструираме улицата „Стив Наумов“ во должина од над 2 километри. Нова водоводна мрежа, канализациона мрежа, нов коловоз.
Ова не е само асфалт – ова е инфраструктура што носи квалитет, безбедност и сигурност во секојдневието.
Работите се во завршна фаза – финалната делница е во тек. Целосно нова улица за потребите на нашите граѓани.
Денес градиме подобра утре, затоа што секој метар е чекор напред. 
Заедно, со меѓусебна поддршка и соработка ги создаваме промените“, рече градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски при посетата на градежните активности.

ООУ "Даме Груев" Битола одржа  работилница  со учениците од германската секција која беше во симболот на најголемиот христијански празник Велигден. 

Велигден е празник на воскресението, радоста и новиот почеток. Тоа е време кога се бојадисуваат јајца, се собираат семејствата, се честита со зборовите ,,Христос Воскресе'' и се споделуваат моменти на љубов и надеж.
Токму затоа е и овој настан, за споделување на радоста и желбата за подобро утре. Барем во овие 60 минути децата да заборават на се друго и да се препуштат на креативноста и радоста, а со тоа да изработат најдобар украс преку кој ќе ги изразат своите чувства и честитки за овој празник.
Огромна благодарност на нашите спонзори
кои се погрижија сите наши учесници да добијат мало внимание, но и победниците прекрасни награди.
Мала група од 3-5 одд
1 место -ОУ,,Д-р. Трифун Пановски"
2 место- ОУ,,Даме Груев"
3 место- ОУ,, Коле Канински"
Голема група од 6-9 одд
Специјална награда -ОУ ,,Коле Канински"
1 место - ОУ ,,Гоце Делчев''
2 место- ОУ ,,Св. Кирил и Методиј"
3 место-ОУ ,,Стив Наумов"
 
Им благодариме на сите училишта и учесници за учеството. Frohe Ostern

ДЕМАНТ НА ИЗНЕСЕНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СФЕРА ИНТЕРНЕШНАЛ

Во однос на објавеното соопштение на веб-страницата на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на 14.04.2025 година, организацијата СФЕРА Интернешнал – Битола ги демантира наодите околу злоупотреба на европски фондови.
СФЕРА Интернешнал е реномирана граѓанска организација со повеќе од 16 години активно искуство во спроведување на младински, еколошки и образовни проекти на локално, национално и европско ниво. Во своето досегашно работење, СФЕРА има реализирано над 100 интернационални проекти без никакви прекршувања на процедурите, со финансиска и програмска отчетност. Организацијата има соработувано со голем број донатори, вклучувајќи ги Европската Унија, странски амбасади, локални самоуправи, фондации и интернационални мрежи.
Преку нејзините активности, СФЕРА има опслужено над 5.000 млади од Македонија, поддржано преку 300 странски волонтери и обезбедила можности за развој, мобилност и активизам кај младите од сите заедници. Целата своја работа ја извршува транспарентно, отчетно и во согласност со највисоките етички и професионални стандарди.
Во духот на почитување на правната држава и процесот на проверка, СФЕРА Интернешнал нема да изнесува дополнителни информации во јавноста сѐ додека не се расчисти случајот и не се добијат официјални заклучоци од надлежните институции. Очекуваме транспарентна и правично спроведена постапка и сме целосно отворени за соработка со сите релевантни органи.
Ги повикуваме медиумите и јавноста да се воздржат од ширење на непотврдени информации кои можат да нанесат штета на угледот на една сериозна организација која долги години работи исклучиво во интерес на младите и општествениот развој.
Со почит,
СФЕРА Интернешнал – Битола

Нискоградба Битола соопшти за повреден работник при работа. Поради сериозноста на повредите работникот е префрлен на скопските клиники. -Во 08.00 часот се случи несреќен случај при работа. Се повреди работник на КЈП НИСКОГРАДБА.Со возило на итната медицинска помош е однесен е во Кл.болница Битола, каде после направените иследувања и констатираните повреди е транспортиран во клинички центар Скопје.", соопшти Нискоградба 

Народниот театар од Битола информира дека премиерната изведба на претставата "Црно семе", на 16.04. од 20:00 часот е распродадена. 

Следните изведби се на 22.04. и 29.04. од 20:00 часот. 
 
ЦРНО СЕМЕ
според истоимениот роман на Ташко Георгиевски
 
Режија: Андреј Цветановски
Драматизација: Јелена Цветановска
Сценографија: Сергеј Светозарев
Костимографија: Благој Мицевски
Сценски движења: Дамјан Цветановски
Музика: Димитар Андоновски
Дизајн на светло: Никола Ѓоргиевски
Дизајн на звук: Александар Димовски
Светло мајстор: Горан Петровски
Суфлер: Мирјана Христовска
Инспициент: Димитар Михајловски
 
Играат:
Доне Совичанов - Мартин Мирчевски
Христо Согламов - Огнен Дранговски
Парис - Васко Мавровски
Марко Кизовски - Никола Стефанов
Грчето Нико - Петар Спировски
Димо - Никола Пројчевски
Ѓорѓи - Хари Михајловски
Јане - Александар Стефановски
Капетан Скалумбакис - Петар Горко
Потпоручник Маки - Борче Ѓаковски
Наредник - Живко Борисовски
Ангелина - Марија Цветановска
Коле Крокаровски - Александар Димитровски
Офицер - Александар Копања
Грчки војници:
Давид Балтовски
Филип Стефановски
Виктор Крстевски
Александар Ѓоргиовски 
 
Користена музика: „Бело море“ од МИЗАР и Хармосини, од албумот „Детето и белото море“, композитор: Горазд Чаповски, текст: Љупка Рондова.
 
Билети во продажба на билетарницата на театарот секој работен ден 08:00-15:00 | 18:00-20:00 и онлајн во секое време. 
 
 

ОПШТИНА БИТОЛА АПЛИЦИРА СО НАД 30 АПЛИКАЦИИ ЗА НОВИОТ ПОВИК ОД ВЛАДАТА

 
Над 30 проекти од различни потреби на општественото живеење, преку соодветни апликации ќе бидат доставени до министерствата за новиот Јавен повик за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА. 
 
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, ги потпиша проектните апликации, a преку нив Општина Битола има за цел да обезбеди финансиска помош за реализација на приоритетни проекти кои се од големо значење за граѓаните и локалниот развој.
 
„Со поднесувањето на овие апликации покажуваме подготвеност, транспарентност и визија за подобра Битола. Ќе продолжиме со интензивна работа на сите нивоа за да обезбедиме што повеќе средства и инвестиции во нашата општина,“ посочи градоначалникот Коњановски.
 
Предвидените проекти опфаќаат реконструкција на голем број улици во градот и населените места во општината. Во дел од нив, покрај коловозот, реконструкцијата опфаќа промена на канализационата и водоводната мрежа. 
 
Проектните апликации вклучуваат и изградба на три спортски сали во основните училишта „Стив Наумов“, „Тодор Ангелевски“ и во ПОУ „Даме Груев“ во с. Долно Оризари, како и 10 спортски игралишта во училиштата, со соодветно осветлување. 
 
Во однос на спортските терени, предвидена е изградба на атлетски патеки и борилиште во стадионот „Петар Милошевски“. 
 
Опфатени се и два проекти за изградба на објекти на Терариум и нов дел за копитарите во битолската Зоолошка градина, како и реконструкција на месните заедници во с. Кременица и с. Крклино. Со овој повик, е предвидена реконструкција на објектот кој е наменет за училиште во населбата Буковски ливади, како и изградба на паркинг простори на неколку локации во градот.
 
Вкупната вредност на проектите со кои општина Битола ќе аплицира на јавниот повик е околу 800.000.000 денари. 
Повикот за аплицирањето до соодветните министерства трае до 30 април, по што министерствата ќе ги соопштат одобрените апликации за проекти.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани