Анета Блажевска

Анета Блажевска

 Реконструкција на водоводната мрежа 

 
Во тек е реализација на проектот реконструкција на водоводната мрежа Логоварди - Поешево, во должина од 6км, информираат од Водовод Битола.
За таа цел, Ве известуваме дека во наредните денови започнувајќи од 15.04.2025 ( вторник), корисниците од овие села ќе имаат  прекинато водоснабдување (од 8.30ч. до завршување со активностите околу реконструкцијата).
Овој зафат ќе придонесе до  подобрување на квалитетот на водоснабдувањето за  нашите корисници на вода од овој реон.
Продолжуваме со посветена работа на подобрување на водоводната инфраструктура за сите жители.

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, познатата битолска писателка  Гордана Такец, го одбележа своето скоро шест децениско творење. Пред присутните гости се обрати и директорката на НУУБ „Св. Климент Охридски“-Битола, м-р Емилија Стефановска - Давкова, која воедно беше и промотор на книгите започнувајќи го својот говор со зборовите: „Навистина сум почестена од госпоѓата Гордана Такец што ме избра мене за промотор на нејзините дела чиешто творештво оваа година полни 55 години. Нејзините писателски творби успешно ја продолжиле мисијата на татко ѝ и го оствариле неговиот аманет да создава за себе и за него на полето на пишаниот збор, сликарството и креативноста, воопшто! Јас и посакувам уште многу нови прозни дела и стихови , а со тоа и нови големи признанија и награди, да биде инспирација за нас и за целиот свет околу нас!“. На настанот, промоторот Стефановска Давкова зборуваше за делата „Балканот е валкан“ ,„Како го преживеав Виетнам“, „Јасмин“, „Руски Рулет“, „Нашите испуштени нешта“ и „Јас сум Такец“ како и за значењето на пишаниот збор за библиотеката.

Пред присутните гости се обрати и писателката која зборуваше за нејзиното творештво низ годините и создавањето на сите овие нејзини дела и со својата неуморност да ги сплотува и помага на младите творци, но и преку нејзината фондација „Такец“ да ги сплотува сите поети од нашиов регион.
Овој настан беше обогатен со музичките точки на почитуваниот Славчо Спировски – Слав, со нови дела и извадоци од книги.

Денеска за Цветници - митрополитот Петар одржа света богослужба во соборниот храм "Св. Димитриј" во Битола и ја благослови празничната трпеза на која присуствуваа верници од Битола.

Со решение на министерот за здравство, д-р Арбен Таравари, за вршител на должноста директор на ЈЗУ Здравствен дом „Д-р Хаим Абраванел“ – Битола е именувана Билјана Божиновска Лозановска.

Новата в.д. директорка е логопед-дефектолог, која на оваа позиција доаѓа од Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација – Битола, каде што ја градела својата професионална кариера.

Божиновска Лозановска е кадар на политичкото движење ЗНАМ, коалициски партнер во актуелната влада. Дипломирала на Факултетот за дефектологија при Универзитетот во Белград, каде го стекнала своето високо образование и стручна подготовка во областа на логопедијата.

Денес таа и официјално ја презеде функцијата, откако беше извршено примопредавање со досегашниот директор, д-р Крсте Граматковски.

Цветници во хотел Молика – Вкусна традиција на неделна трпеза!

?13 април (недела) од 11 часот до 17 часот Ви подготвивме вистинско гурманско доживување во чест на големиот празник Цветници.

?Уживајте во специјално мени со свежа риба и морска храна, совршено спарени со внимателно одбрани вина, во пријатната атмосфера на нашиот ресторан во срцето на Баба Планина.

Храна, вино, природа и празнична магија – сè на едно место!

Резервирајте на време:

☎️ 075 428 704 или +389 75 495 725

Хотел Молика – Пелистер ве очекува.                ПР текст 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани