2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ОЧНИОТ ЛЕКАР ДИМИТАР КОТЕВСКИ ГЛЕДАШЕ НАПРЕД НИЗ ВРЕМЕТО

Јуни 03, 2018

8000 операции на очи и неколку стотици илјади прегледи во текот на својата лекарска кариера извел признатиот битолски очен лекар, примариус Димитар Котевски, кој вчера почина на 92 години. Позади себе остави големи постигнувања од областа на медицината и науката со кои се впиша меѓу значајните личности на Битола и Македонија. Персоналот го памети како лекар кој меѓу операциите збирал сила рецитирајќи стихови од Шекспир, Гете, Хајне и други, а во операционата сала со својата умешност и знаења на многумина им ја вратил виделината.

 

За стручната јавност тој е доајен на офталмологијата во Македонија, првиот специјалист очен лекар во Битола, основачот на првото очно одделение во градот. А битолчани го памтетат и по тоа што своевремено како директор на болницата ја изградил болничката зграда, една од најсовремените во Југославија, која до денес ги задоволува потребите на битолското здравство. Поради големите постигнувања од областа на медицината и науката, Битола во 2010 година му го врачи најголемото општинско признание, Наградата „4 Номеври“ за животно дело.

Во спомен на д-р Котевски ви пренесуваме дел од интервјуата што ги имав напревено со него додека беше жив. Токму неговите изјави сведочат за тоа дека лекари од ваков калибар денес има се помалку.

-Кога се вратив од специјализација во 1956 година ми дадоа простор во една стара куќа и лимена барака да го организирам првото очно одделение. Опремата беше скудна, а персоналот две сестри, негователка и чистачки. Бидејќи долго време немаше лекар за очни болести, болеснички и оперативен материјал имаше премногу. Кога ќе си помислам каква сложена патологија имаше, не знам како излегувавме со позитивни резултати. Мислам дека стручноста и неисцрпниот ентузијазам, иако без големо практично искуство, правеа да се соочиме со многу сложени проблеми. Такви беа првите генерации на лекари на своите работни места“, раскажуваше Котевски.

 Беше лекар во времето на познатите доктори од Битола, Димитар Лијаку, хирург, Јован Калаузи, интернист и други за чие дело и по многу години битолчани говорат со голем респект. Образувајќи се во Белград и Загреб го учеле познати стручњаци, професори од Сорбона, како и Драган Јовановиќ, асистент на Марија Кири во Пазриз. Низ рацете му поминале илјадници пацинети од Македонија, регионот, па дури и Либија каде бил директор на болницата во Бенгази. Добил десетици награди, признанија и учествувал на бројни конгреси и симпозиуми.

-Во 1966 година станав директор на битолската болница. Ми беше желба да направам нешто за Битола, на пример, современа болница. Гледавме како е во другите градови од Југославија, во Македонија тогаш немаше таква болница. Ние бевме првите Донкихихоти со многу голема смелост. Градот имаше разбирање. Се обративме до населението и рековме ни треба помош за болницата. Сите вработени и пензионери дадоа по две дневници. Болницата ја изградија битолчани “, раскажуваше Котевски.34185507 393617391121633 2557491783105773568 n

За жал, денес го нема ентузијазмот велеше Котевски во последните години од својот живот.

-Сега назадуваме. Има добри лекари, но и депресивни, мое лично мнение е дека со години наназад се удраше на здравствениот систем, ова реформа, онаа реформа, платите се помали. Спласна ентузијазмот на здравствените работници, еланот. Порано постоеја ентузијазам и идеали. Денес ги нема“.

Котевски бил еден од основачите на Друштвото за науката во Битола. На симпозиум во Женева каде било кажано дека 1832 година во Швајцарија првпат белиот стап стана симбол на слепиот човек, изнел интересни сознанија. Посочил дека во манастирите „Св. Никита“ во Скопско и „Свети Ѓорги“ во Свети Николе има фрески од 13 и 14 век на кои е претставен слепиот човек со бел стап во рацете.

Ж.Здравковска

           

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани