2win800x200

Власта полна со оптимизам, опозицијата со песимизам, цехот од инаетењето ќе го платат граѓаните

Септември 04, 2023

Владеачкото мнозинство катадневно повикува на разумност и шири во етерот оптимизам дека Македонија ќе ги направи потребните уставни измени за да го продолжи европскиот пат. Наспроти нив опозициската ВМРО ДПМНЕ е непоправлив песимист и скретничар кој македонскиот евроинтегративен процес сака повотрно да го насочи на слеп колосек. Не прифаќа уставни измени под бугарски диктат !

Цехот од оваа политичка игранка со инатење на крајот ќе го платат граѓаните кои 80 отсто во анкетите се за Македонија во ЕУ.

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски е оптимист дека уставните измени со вметнувањето на Бугарите, Хрватите, Црногорците, Словенците, Египќаните и Евреите ќе се случи до крајот на годинава. Колку пратенци недостасуваат до потребната бројка од 80, Ковачевски не прецизира. Собраниската седница за отворање на Уставот почна и заврши, но без да се гласа, на 18 август. Опозицијата како по обичај не се вклучи во дискусиите од парламентарната говорница. Нема што да понуди, бидејќи повеќе од една година македонската-европска игранка се врти во круг. Ќе кажеле кога ќе победеле на избори !

За да се победи на избори граѓанинот треба да знае за што гласа. Можеби нивното сценарио со наметнување на неизвесност е да ги одвратат граѓаните од гласање, бидејќи не им се нуди ништо, па само со нивните лојални партиски послушници ќе си ги одмерат силите, занемарувајќи го мнозинството кое е за Македонија во ЕУ. Од македонските политичари кои демонстираат политичка неукост се може да се очекува. Ништо нема да ги изненади граѓаните кои во големо мнозинство се партиски неопределени, а сакаат нивната земја да биде дел од европското семејство, каде и географски припаѓа.

Продолжението на започнатата, па прекината, собраниска седница не е одредени. И тука се тактизира. Првиот парламентарец Талат Џафари најави ваков расплет пред да почне собраниската седница и напомена дека ќе се гласа кога владеачкото мнозинство ќе ги обезбеди потребните 80 пратеници.

Европскиот совет во декември доколку Македонија ја исполни наметната обврска со уставните измени ќе донесе одлука за преминување во втората фаза од преговорите за членство и отворање на првиот Кластер.

https://24info.mk

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани