АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последните податоци покажуваат дека замрзнатите пензии се минато, пишува Бизниспро.
Од јануари минатата година до септември 2023 година кога се очекува новото зголемување, пензиите пораснале за цели 24 проценти.
Новата методологијата за усогласување на пензиите со растот на просечната плата и растот на трошоците за живот обезбедува системско решение за раст на пензиите два пати годишно, кое не зависи од ничија политичка волја.
По рекордното зголемување во март оваа година од 8,4 отсто, веќе од следниот месец пензиите ќе пораснат за околу 6 отсто.
Од 2017 година досега минималната пензија е зголемена за 46 отсто.
Растот на пензиите ќе продолжи систематски и тоа два пати годишно.