2win800x200

СО ВЛАДИНА ПОДДРШКА И СРЕДСТВА ОД ОПШТИНСКИОТ БУЏЕТ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ НАД 30 ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ ВО ОПШТИНА БИТОЛА

Октомври 19, 2024
Општина Битола, доби поддршка од Владата на Република Македонија во
висина од 230 000 000 за 16 проекти аплицирани со комплетна
документација на Јавниот повик за изразување на интерес од страна на
општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА-
Инфраструктурни проекти во општините. Ваквата поддршка е од огромно
значење за комплетно подобрување на дел од инфраструктурата во урбаниот
и руралниот дел на општината, како и за изградба и реконструкција на
објекти од високоградба. Вкупната проектирана вредност за алицираните
проекти изнесува 275 990 000 денари, за што потребното кофинансирање ќе
го дообезбеди Општина Битола од својот Буџет. Во овие проекти се
вбројуваат:
-    Реконструкција на улично осветлување на улица СТУ 3
-    Реконструкција на коловоз на локален пат за с.Буково
-    Реконструкција на коловоз на локален пат Трново – Магарево (последна
фаза до граница со НП Пелистер)
-    Изградба на коловоз на улици од ДУП за БЛР 4 и дел од ДУП БЛР 4 блок 2
(улици 150,170,210)
-    Изградба на инфраструктура на улица СТУ 3 АРМ четврт 1
-    Реконструкција на коловоз на улица Панде Кајзеро
-    Реконструкција на коловоз на Булевар 1 Мај – јужна страна на река
Драгор, од спој со улица Добривоје Радосвљевиќ со спој од улица Свети
Наум
-    Реконструкција на улиците „11 ти Март“, „Панде Николов“, „Козара“ и
„Чеде Филиповски“
-    Улично осветлување на улиците „11 ти Март“, „Панде Николов“,
-    Реконструкција на водоводна линија на патот Битола – село Поешево –
село Логоварди
-    Изградба на фекална канализација и атмосферска канализациона мрежа на
улици од ДУП за БЛР 4 дел и ДУП БЛР 4 дел блок 2 (улици 150,170, 210)
-    Реконструкција на канализација на улица „Панде Кајзеро“
-    Изградба на канализација на улица СТУ 3 АРМ четврт 1 (фекална и
атмосферска со приклучоци)
-    Реконструкција на фасада – изведба на нова енергетски ефикасна фасада
на ООУ „Стив Наумов“
-    Изградба на центар за спорт и рекреативни активности
-    Санација на Јужна трибина од фудбалски стадион „Петар Милошевски“
Дополнително, во развојната компонента, локалната самоуправа, согласно
општинските програми, за следната година вклучува и реализација на
следните проекти:
-    Изградба на паркинг простори кај „Овчи Пазар“
-    Изградба на паркинг простори кај „Ат Пазар“
-    Реконструкција на коловоз на улиците „Влатко Миленковски“, „Паца
Ванчова“ и „Гаврило Принцип“
-    Изградба на коловоз на улична мрежа во с.Карамани
-    Реконструкција на коловоз на улица „7-ма Бригада“
-    Реконструкција на коловоз на улица „Караорман“
-    Реконструкција на коловоз на улиците „Љубојно“, „Мукос“ и „5-та“
-    Реконструкција на коловоз на улица „Христо Ботев“
-    Изградба на патот до манастирот Св.Меркуриј во с.Барешани

-    Реконструкција на коловоз на улица „Димитар Тодоровски“ (11-та)
-    Реконструкција на улици во населба Јенимаале
-    Реконструкција и изградба на 10 нови спортски игралишта

За овие проекти, како и за предлозите кои ќе произлезат од буџетските
форуми кои започнуваат на 24 октомври, ќе бидат инвестирани средства од
општинскиот Буџет.
Ваквата соработка, помеѓу Владата и Општината, создава големи можности
за развој на Битола, преку подобра инфраструктура и услови за нови
инвестиции.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани