2win800x200

Битолчанката Јана Блажевска оперска певица одржа концерт во Виена како студент на Универзитетот за музика

Јуни 21, 2025

Во свечената сала Amtshaus во Виена, на 20 јуни 2025 година, млада македонска оперска пејачка Јана Блажевска остави неизбришлив белег. Деветнаесет годишната судентка на универзитот за музика на град Виена (MUK), заедно со уште четворица колеги од истата установа, приредија незаборавен концерт кој ги воодушеви љубителите на класичната музика.  1000002349

Гостувањето во величествената сала на Amtshaus беше потврда за професионализмот што го нуди MUK. Под водство на врвни педагози и диригенти, Јана се издвојува како една од најветувачките млади оперски гласови. Во програмата беа вклучени композиции од Хендл, Моцарт, Форе и Белини, кои тие ги изведоа со неверојатна емоција.
Патот на Јана започна уште во родниот град Битола во Државното музичко училиште под водство на проф. м-р Маја Митровска, каде што ја стекна солидната основа што ѝ овозможи да продолжи студии на МUK – една од најреномираните музички академии во Европа. Нејзината визија за иднината вклучува солистички ангажмани во престижни европски оперски куќи, како и продолжување на усовршувањето преку мастер класови.
Со вакви ангажмани и достигнувања, Јана Блажевска јасно покажува дека македонската оперска школа продолжува да носи врвни артисти во светски рамки. Само една година по заминувањето од Битола, таа сега го претставува не само Државното музичко училиште, туку и својата држава пред публиката на Виена. 1000002350
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани