2win800x200

Уметницата Лара Ташковска со изложба во Битола во галерија "Ранко Струмениковски"

Септември 27, 2025

Лара Ташковска, следбеник на семејно сликарско стебло

 
Семејните традиции се  мошне важен патоказ и показател дека претходниците зацртале вистински вредносен систем и воспитување. Особено важно и значајно е тоа кога станува збор за семејна традиција од областа на уметничкото творештво, во случајов со сликарството. Патем тоа е ликовната традиција на , засега, три генерации сликари, почнувајќи од Ристо Ристовски (1912 - 1987), Васко Ташковски и Лара Ташковска.  Уметницата Лара Ташковска е доследен следбеник на едно семејно сликарско стебло кое дало и дава значаен придонес во современото македонско сликарско творештво кое одамна ги надмина нашиве простори. 
Уметницата Лара Ташковска,  пред битолската публика во Галеријата ,,Ранко Струмениковски"  се претставува со дваесеттина дела во техника акварел и масло на платно, создадени во последниве неколку години. 
Надреалниот пејсаж илустриран со пасторални мотиви  се само ,,средства" за изразување на својот немир и  творечки стремеж. 1000006750
 Пределите со вулкански ерупции проткаени со оган и пламен   навестуваат  посакуван нов свет и хумани релации и односи. Секако, да се стаса до тој нов свет, уметницата Ташковска го употребува и мечот Ескалибур кој треба да ја отвори утробата на земската вистина за да завладее праведност и да дојде до израз неговата волшебна моќ за заштита од зло и од непријателства.
Во делата на Лара Ташковска  доминира модро сината гама на нијанси проткаени со пурпурни тонови на огнот,пламенот, вулканот кои се  често присутни во нејзините дела, но не со значење на согорување и уништување туку како ново создавање.  Огнот, поточно има значење на Феникс со што се  посакува  ,,изродување" на нов, посовршен, почовечки свет. Со еден збор, копнежот кон возвишеност и совршеност се вистинските придружници во делата на уметницата Лара Ташковска, која таа на сопствен, оригинален и доследен начин ги следи и успешно ги практикува.
д-р Драган Ристевски,  галерист
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани