АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Успешно имплементиран проектот: "Регулирање на коритото на Црна река и нејзините притоки по течението на општините Могила, Новаци, Битола и Демир хисар" (четврта фаза).
Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион го реализираше овој проект во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој, финансиски поддржана од Министерството за локална самоуправа преку Бирото за регионален развој. Со проектот се извршија изведбени работи на река Шемница во општина Могила, преку што ќе се придонесе за спречување и намалување на опасноста од поплави и излевања и ќе се зголеми безбедноста на населението кое живее во близина на течението на реката.