АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Маловишта, единственото село во границите на Националниот парк Пелистер, е прогласено за заштитена рурална споменична целина, соопшти Викторија Момева Алтипармаковска, етнолог конзерватор во НУ Завод и музеј Битола, по повод Денот на културното наследство што во фокусот ја имаше заштитата на руралниот предел.
По повод Денот на културното налседство во битолскиот Завод и музеј беше отворена изложбата на фотографии „Старопланинско село Гостуша“ на архитектот конзерватор Елена Васиќ Петровиќ, вработена во Заводот за заштита на спомениците н акултурата во Ниш и управник на Фондацијата на проф.Александар Радовиќ. Оваа изложба е резултат на наградената Студија за заштита на селото Гостуша, кое се наоѓа на Стара Планина во близина на Пирот, во источниот дел од Србија., Студијата за заштита на ова село е добитник на Гранд-при наградата на Европската Унија и признание на Европа Ностра за 2016 година.
„Да се пробуди свеста за значењето на руралниот предел во кој спаѓаат и руралните населби, традиционалната селска архитектура, културниот предел и природното наследство, да се нагласат предизвиците кои ја следат нивната заштита и конзервација, придобивките што ваквите напори ги обезбедуваат, заради тоа што руралниот предел е тесно поврзан со одржливиот развој“, рече д-р Викторија Момева Алтипармаковска, етнолог конзерватор во НУ Завод и музеј Битола, која ја прогласи изложбата за отворена.
Ставањето под заштита е руралната споменичка целина Маловиште која неодамна е прогласена за заначајно културно наследство во иднина се очекува да донесе поголема заштита и развој на ова пелистерско село.
„Маловишта, единственото село во границите на Националниот парк Пелистер, освен историските, етнолошките, архитектонските вредности поседува и потенцијални економски вредности кои допрва треба да се развиваат. Руралниот предел треба да заземе значајно место во конзерваторската пракса“, рече Момева Алтипармаковска.