2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Во Битола промовиран нацрт текстот на Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализам

Мај 23, 2019

Во Битола денеска се одржа втората од серијата јавни дискусии на Владата за нацрт текстот на „Национална стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот во Република Северна Македонија“ .

Оваа национална стратегија е документ кој првпат се подготвува кај нас и е од осбено значење бидејќи треба да иницира активности и да ги зајакне процесите на комуникација и соработка помеѓу различните култури и заедници во насока на создавње на општество кое е фер и правично и ги прави граѓаните поеднакви, велат од Владата.

-Целта е да се промовиира нацрт стратегијата и да се консултираат сите кои што се зантересирани за развој на овој концепт. Стратегијата содржи 7 главни столбови по кои што треба да се работи, а еден од тие столбови е лоакланата самоуправа, како исклучително важна, каде што граѓаните имаат директен допир, така што на сите 7 столба ќе се посвети особено внимание во наредниот период. Ние како Влада сме максимално посветени да го развиеме овој концепт и сме цврсто уверени дека тоа е начинот со кој треба да се развива општеството и на таков начин да се добие една просперитетна држава каде сите граѓани ќе се чувствуваат сигурно,  но и ќе имаат можности за лично унапредување, развој на средината во која што живеат, меѓусебна почит, рече заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески.

Државата од осамостојувањето до денес се разви како поделено општетсво по сите основи, поради што оваа страегија е повеќе од потребна, вели пратеникот Рубин Земон.

- И покрај тоа што со Охридскиот рамковен договор требаше да се создаде едно интегрирано општество, сепак се поделивме уште повеќе, осебено за време на режимот што траеше од 2006 до 2017. Сите забелешки на Меѓународната заедница беа дека Македонија е поделена  по сите основи. Од таа причина потребно беше да се направи една стратегија , Македонија да се развие како едно општество, што повеќе да се сплотат сите различности. Имаме поддршка од целата Меѓународна заедница, ОБСЕ, Советот на Европа, ЕУ, а во септември ќе имаме и меѓународна конференција на која ќе присуствуваат експерти од САД; Канада и Европа, кои ќе дадат свој придонес. Ваква слична стратегија имаше во Канада, а во Европа ќе биде прва, рече Рубин Земон, пратеник во Собранието на РМ.

На презентација на нацрт текстот  на стратегија присуствуваа граѓани и претставници на невладиниот сектор.

-Секоја стратегија е процес,  а успешната имплементација на секој процес зависи од неговото добро менаџирање. Силно верувам дека овој просец ќе биде добро менаџиран и во целост ќе успее и ќе ги оправда очекувањата, рече Сашо Додовски, директор на Младинскиот кутурен центар од Битола.

Со цел нацрт стратегијата да се промовира пред граѓаните и невладиниот сектор и да се добие повратно мислење , планирана е серија од промотивни настани со дискусии кои ќе се одржуваат по повеќе градови низ државата,60773569 1248967965258159 2728044474868432896 n

60715390 860095284340349 2016554013817831424 n

61023045 699144940545698 6444694884023533568 n

60814022 331188104214325 5835912441233408000 n

61458569 433991614100619 585898668058476544 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани