АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На “Повикот за млади истражувачи” организиран од Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со МОН, учествуваше е училиштето ОСМУ “Д-р Јован Калаузи“ од Битола со проектот “Екстракција на етерични масла и нивна примена во терапевтски цели” Тимот составен од професорите Марија Бошевска и Билјана Чапрагоска и учениците: Сара Бошевска, Марија Цоцеска, Јована Трпевска, Филип Стојчевски, Дивна Георгина Котевска, Евгенија Коруновска и Димитар Поповски, на прогласувањето на победниците на 9.6.2019 год го освои третото место.
Поектот е планирано да се реализира во 3 фази. Во првата фаза е предвидено теренско собирање на одредени растителни видови кои растат во Пелагонискиот регион. Во втората фаза од собраните видови ќе се направи екстракција на етерични масла, кои потоа, во третата фаза ќе се искористат за изработка на фармацевтски препарати, како активни и помошни супстанции (коригенси) во кремови, масти, ароматични води, лосиони и сл.
Идејата за изработка на овој проект e резултат на потребата од интердисциплинарен и практичен пристап во учењето, кој во рамки на модернизација на наставниот процес му дава предност на истражувањето како начин за откривање на нови сознанија.
Мотивацијата за учениците и менторите произлегува од желбата да се внесе нов пристап во учењето, со што учениците ќе се воведат во реализација на експериментален и научен метод, којшто ќе содаде потреба од нивна истражувачка и практична ангажираност за совладување на даден процес-од негово поставување, до готов производ.
Доколку резултатите од проектот бидат согласно очекувањата, можно е и изработка на нови фармацевтски препарати, кои понатаму би можеле да станат дел од фармацевтските дозираните форми и произведувани и пошироко.
Со ова училиштето ОСМУ “Д-р Јован Калаузи“ од Битола уште еднаш покажа како со истрајна и напорна работа се стигнува до успех и награда. Ова нека послужи како мотивација и за останатите ученици и професори за освојување на идни награди и предизвици!