2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Отворен нов кабинет со современа компјутерска опрема и софтверски програми во „Таки Даскало“

Септември 10, 2019

Заменик министерката за образование Елизабета Наумовска денес го отвори новиот кабинет опремен со софистицирани софтвери и друга компјутерска опрема за градежно-геодетската струка во СОУ „Таки Даскало“ во Битола. Новиот кабинет ќе го користат 60 ученици од прва до четврта година со што ќе се обучат компјутерски по најсовремени програми да изработуваат прокети од нивната област.

 

„Задоволни сме што имаме вакви услови за изучување на наставата кои можат да ни помогнат за напредок во знаењето и за понатамошното школување во иднина. Изучуваме апликации на компјутерите кои можат да ни помогнат во цртањето. Првпат добиваме ваква опреме“, рече ученичката Димитра Ангелин.amgelin

Со ваква квалитетна пракса по заокружувањето на четирите години стручно образование, учениците ќе имаат способности да работат самостојно како архитектонски и градежни техничари, а и да го продолжат образованието со солидна основа.

„Во нашата струка опстојуваат два насоки и тоа, архитектонски и градежен техничар кои се во директна корелација. Со добивањето на оваа современа компјутерска опрема, а морам овде да ги посочам современите пакет софтверски програми ќе овозможат реализирање на наставните планови и програми во целост на многу високо стручно ниво. Сите ученици од прва до четврта година директно се вклучени во целокупниот процес од идеа до проект“, рече Жанета Сиваков , професор по градежно стручни предмети.sivakova

Заменик министерката Наумовска, која претходно беше директорка на ова училиште рече дека со големо задоволство доаѓа во „Таки Даскало“ да ја промовираат опремата која беше набавена во рамки на проектот на Министерството за обрзаовние за поддршка и развој на вештини на учениците од градежно-геодетската струка од ова училиште.

„Се работи за компјутерска опрема со соодветен софрвер и опрема за градежно-геодетската струка во вид на материјали, електронски уреди за практична настава, лаптопи, смарт табла , фотопкопир и други инструменти. Ова значи дополнителен поттик за учениците и наставниците да ги развиваат вештините и знаењата бидејќи знаеме дека во градежниот сектор потребата за вакви кадри има. Битола како град кој има традиција во градежништвото има потреба од вакви кадри, се надевам дека интересот за оваа струка, после многу покавлитетна практична настава ќе биде уште позголемен“, рече Наумовска.direktyor

Директорот на училиштето Владо Ѓорѓиевски рече дека се обидуваат што повеќе да го опремат училиштето со софистицирани нагледно-технички средства.

„Со ваква современа софистицирана опрема целосно ги обучуваме во совладување на вештините и техниките како и за во директно производство, така и оние кои ќе полагаат државна матура да продолжат во високите школи. Без современо училиште, без современа опрема нема занет и тој нема да биде баран на пазарот. Реформата компјутер за секое дете беше значајна, но сега софтвер за секое дете и наставник значи усовршување на наставата, односно европско обарзование“, рече Ѓорѓиевски.uciliste

Советничката Тања Крнчева во име на Општината го поздрави отворањето на кабинетот истакнувајќи дека повторно заживуваат стручните средношколски насоки адаптирани во новото време и на последните општествени потреби.

„Овие специјализирани кабинети се и тоа како потребни за учениците да можат на современ начин да го третираат своето обрзование преку пракса, иако и теоријата не е помалку важна, но и за наставниот кадар кој ќе може полесно да го извршува целиот едукативен процес“, рече Крнчева.tana

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани