АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Непречено се реализација on-line наставата во ОУ „Тодор Ангелевски“-Битола токму преку ЗООМ платформа. Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржанана 23 март 2020тата година, донесе уредба со законска сила за примена на Законот за основно образование за време на вонредна состојба. Врз основа на оваа уредба, „ОУ Тодор Ангелевски“-Битола донесе одлука за организирање на настава преку далечинско учење, односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација со видеоконференциска платформа ЗООМ .
ЗООМ платформата обезбедува непречена реализација на наставата без физичко присуство на учесниците во наставниот процес, но со взаемна, двонасочна комуникација наставник –ученик.
-Затекнати во оваа вонредна состојба во консултација со наставичкиот колегиум , а истовремено не сакајќи учениците да изгубат драгоцено време, за полесно усвојување на нови знаења , на каналот you tube наидовме на видео упатство за онлајн учење, како и дополнително упатство за наставници и ученици за примена на конференцискиот систем ЗООМ , изработено од страна на проф.Д-р Николче Шулевки. Благодарение на овие видеа сите учесници во наставниот процес го скративме времето за посебна обука , инсталирање и примена на ЗООМ платформата, изјави за Апла.мк директорака на ОУ „Тодор Ангелевски“, Љубица Стерјева.
Денес во ОУ„ Тодор Ангелевски“-Битола , имаме непречена реализација на on-line настава. и далечинско учење се кое се надевам ќе имаме успешна реализација на наставната програма , испрашувања, тестирања на учениците и други форми за утврдување и оценување на знаењето за нашите ученици, со што полелесно ќе го надминеме периодот на вонредна состојба и моментот во кој сите заедно се затекнавме, потенцираше Стерјева.