Снегот урна дрвја, гранки, бандери, сите Јавни претпријатија се вклучија во расчистување

Април 01, 2020
Искршени дрвја, паднати гранки и бандери предизвикаа обилните снежни врнежи и дебелата снежна покривка. 
FB IMG 1585773909997
Од Општина Битола информираат дека покрај  тоа што ЈП "Нискоградба" од попладнево работи на чистење на снегот од улиците, во акцијата се вклучија и екипи на ЈП „Комуналец“ кои им овозможија пристап до домовите на граѓаните во одредени блокирани улици и ги отстранија стеблата од коловозите.
FB IMG 1585773921226
На терен вечерва се приклучи и механизацијата на ЈКП „Водовод“, а дополнително ќе се вклучат екипи и на ЈП „Паркинзи“.
 
 Улиците од прв и втор приоеритет се исчистени, а во текот на ноќта и утре изутрина ќе бидат уште еднаш исчистени, велат од Општина Битола. 
 
FB IMG 1585773915278
Паралелно екипите чистат и во руралните средини, односно патот до потпелистерските села е исчистен, а се работи на терен кај селата во околината на Бистрица и на Цапари.
 
FB IMG 1585773938122
До утре напладне се очекува сите села да бидат проодни, информираат од Општината.
 
FB IMG 1585773951037
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани