2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Македонското научно друштво 60 годишниот јубилеј ќе го прослави со онлајн свечена седница

Април 24, 2020

Утре Македонското научно друштво од Битола слави 60 години од основањето. Имено, на 25. април 1960 година во Битола е формирано најстарото македонско научно друштво кое основачите го именуваа како Друштво за наука и уметност-ДНУ, а од пред 20 години оваа Асоцијација на интелектуалците прерасна во Македонско научно друштво, МНД-Битола.

писмо

Имајќи ги предвид националните и локалните мерки за заштита од коронавирус,одложена е планираната Свечена академија посветена на големиот јубилеј 60 години од денот на формирањето на Друштвото. Но, по повод јубилејот утре (сабота) со почеток во 13:00 часот, членовите на Управен и Надзорен одбор, Уредувачки Совет и Етичка Комисија ќе одржат онлајн  свечена седница на која ќе потсетат на значајниот датум.

Во пресрет на големиот јубилеј, МНД-Битола издаде монографија чиј автор е проф. д-р Марјан Танушевски, актуелен претседател на МНД-Битола, а рецензенти на јубилејната публикација се проф. д-р Игор Неделковски и проф. д-р Борис Ангелков, поранешни претседатели на МНД-Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани