2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Со изложбата „Наши години“ на Марјан Танушевски одбележани 61 година од основањето на Македонското научно друштво

Април 23, 2021

Во пресрет на 25-ти април, Денот на основањето на ДНУ/МНД-Битола, Македонско научно друштво-Битола на јавноста и презентира изложба на фотографии и документи – „Наши години“. Изложбата е поместена во Фоаје на НУ Центар за култура-Битола и ќе биде отворена до 5-ти мај.

 

Согласно Уредба на Владата на Република Северна Македонија и препораки на Министерството за култура, за изложбата не е организирано свечено отворање, но истата со почитување на Ковид-мерки може да се посети и погледне секој работен ден од 10 до 15 часот.

-Во овие моменти кога сè уште се соочуваме со пандемијата предизвикана од ковид-19, ние не забораваме да потсетиме и да го одбележиме 25 април – денот кога во 1960 година е основано нашето Македонско научно друштво. Ја почитуваме нашата историја и ја негуваме традицијата. Април, месецот кога го славиме нашиот роденден секогаш ни претставува мотив плус, за  несебично да го вложиме нашиот креативен потенцијал, и да организираме   различни академски манифестации. Да потсетам, на 7-ми април организиравме вебинар со над 160 присутни, посветен на здравствените работници, на кој, освен наши членови учество зедоа и стручни лица од градот и државата. На крајот од месецот, почитувајќи ги мерките за заштита од Ковид, без посебно-свечено отворање, т.е. од денес до 5 мај за јавноста е поставена изложба на фотографии и документи која авторот, д-р Марјан Танушевски ја наслови „Наши години“- рече д-р Невена Груевска, претседател на МНД-Битола

Д-р Марјан Танушевски, автор на изложбата, инаку поранешен претседател на МНД-Битола, а воедно новинар на МИА истакна дека изложбата содржи фотографски моменти кои отсликуваат значајни настани за Македонско научно друштво-Битола и документи за темелите на Друштвото.0

„Јавноста може да ја погледне и прочита одлуката кога е утврден амблемот на Друштвото изработен од академскиот сликар Ранко Струмениковски. Од истражување на документи во Историски Архив-Битола воочив дека постапката се одвивала подолг период, се до утврдување на конечно решение усвоено на 17-ти април 1980 година. Амблемот со кој се гордееме во средината има отворена книга со старословенски букви, одраз на словенската писменост. Книгата е поставена на столб капитол – одраз на светската уметност и битолското поднебје. Врз книгата и столбот паѓаат сончеви зраци како симбол на слободен развој на науката и уметноста. На оваа изложба ја презентираме и Одлуката на Друштвото да потпише Спогодба со Универзитетот во Битола за организирање издавачка дејност која според истражуваниот материјал, во 1979 година ја иницирал првиот Ректор на битолскиот Универзитет проф. д-р Стеван Габер затоа што имал сознанија дека во Научното Друштво веќе има развиена издавачка дејност. Научниот Совет на ДНУ предводен од д-р Даме Несторовски и претседателот на ДНУ-Битола, м-р Кирил Крстев се потписници на одлуката“, рече ТАнушевски.

Изложбата содржи важни пораки за историјата и традицијата на Македонско научно друштво-Битола и затоа ќе биде презентирана и во други македонски градови.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани