АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Санкционирање на граѓаните кои не носат маски на затворени и отворени јавни места каде нема можност да се одржи физичка достанца од 2 метри уште од овој вторник ќе му предложи Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести на Владата во текот на утрешниот ден.
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција изјави дека голем дел од граѓаните не носат заштитни маски на места каде е потребно, а некои ја носат под брадата или во раце, па затоа ќе побараат санкции што е можно поскоро отколку по 30 мај, како што беше најавено претходно. Филипче рече дека има и граѓани кои совесно се однесуваат и носат лична заштитна опрема на лицето при напуштање на домот, во сите затворени и отворени јавни места кога нема да има можност да се одржи препорачаната физичка дистанца од 2 метри. Мерката за носење заштитни маски се спроведува од 23 април. Тој појасни дека децата од 14 години, па ногоре треба да носат маски, а оние помалите ќе бидат заштитени со тоа што возрасните ќе носат заштитна опрема.