97 години од изградбата на црквата Св. Петар и Павле во Љубојно

Мај 07, 2020

Денес се навршуваат 97 години откако била изградена една од најубавите цркви во преспанското село Љубојно посветена на апостолите Петар и Павле. Според стариот запис зачуван над влезната врата од црквата, храмот бил дограден на 9 мај 1923 година со средства на Никола Хр. Стасовски од село Љубојно.

 

crkva 1

Во ова преспанско село се раскажува дека Никола бил заминат на печалба во Америка, а на сон му излегол светец кој од него побарал да изгради црква во шумата над селото. Откако сонот го видел неколку пати заедно со брат му според некои Јоше, а според натписот зачуван во црквата Јован, се вратиле во Љубојно и ја подигнале црквата која опстоила безмалку еден век. Мермерна плоча со имињата на донаторите, поточно на Никола со браќата и семејствата зачувана е во олтарот на црквата. Не е испуштен ни податокот дека храмот бил подигнат за време на владеењето на кралот Александар Караѓоргевиќ, за време на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.crkva 6

Според записите зачувани од историчарот на уметност Ристо Палигора, фасадите на западната, јужната и северната страна се декорирани во духот на архитектурата која се негувала во периодот помеѓу двете светски војни. Во горните делови тие имаат триаголни завршетоци, врз кои се надоврзува кровната конструкција во форма на крст во чиј центар се издигнува куполата, со осумстраниот тамбур.

Источниот, олтарен дел на храмот се потпира на висока камена карпа, која до некаде е и ѕид на црквата. Иконостасот е нареден со икони на кои пишува дека се дело на иконописецот С. Николиќ од 1924 година, чии икони се добро зачувани. Во внатрешниот дел од црквата зачувани се имињата на сите донатори на иконите, претежно печалбари од преспанските села. На лето кога доаѓаат во рониот крај, традиционално се собираат во храмот за време на верските празници Петровден и Павловден.crkva 5

crkva 10

crkva 3

Верниците храмот го одржуваат во добра состојба безмаку еден век. Изградени се и конаци, а од камбанаријата се протега една од најубавите панорами на Преспанското Езеро.

Ж.З.

crkva 2

crkva 13

crkva 8

ikona

crkva 12

crkva 7

crkva 11

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани