АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Регионалното здружение за македонско – руско пријателство „А.А.Ростковски“ од Битола, традиционално со своите членови и пријатели и годинава ја одбележаа Православна нова година со вртење на мазник со паричка.
„Традиција на нашето здружение е празнувањето на овој православен христијански празник Василица кој го прославуваме со вртење на мазник со паричка и претставува повод да се собереме сите на едно место со нашите членови и пријатели. Здружението за македонско – руско пријателство во Битола по признавањето на Македонија под уставно име од страна на Руската Федерација е првото здружение кое е формирано во Македонија со седиште во Битола. Нашето здружение работи на промовирање на културата и традицијата на двата народи, а во последните години често организираме посети на Русија каде што имаме можност да ги посетиме руските манастири“ – изјави Пеце Гашатаров, претседател на Здружението.
Оваа година паричката се падна на Божидар Маслинков, поранешен ректор на битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“ и долгогодишен член на Здружението за македонско – руско пријателство од Битола. Здружението „А.А.Ростковски“ минатата година прослави 25 години од своето формирање. Од таму испратија покана до сите граѓани на Македонија да ја посетат Руската Федерација.
М.Николовски