2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Запленети над 33 килограми дрога во обид да бидат прошверцувани во Грција

Јануари 21, 2018

Секторот за Внатрешни работи Битола до Основното јавно обвинителство  Битола поднесе кривична пријава против С.С.(36) и А.Т.(24) од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, предвидено и казниво по член 215 став 1 од КЗ на Република Македонија.

 

Како што соопшти портпаролот на битолската полиција, Лефтерија Миленковска,  двајцата пријавени откако набавиле опојна дрога марихуана,  ја  спакувале во вкупно 47 најлонски паковки, ја ставиле во две транспортни торби и  од  Албанија се упатиле преку Македонија со намера дрогата да ја транспортираат во Грција.

Ноќта меѓу петок и сабота по полноќ, по претходно добиени оперативни сознанија за неовластено вршење на транспорт на поголема количина на опојна дрога марихуана, од страна на полициски службеници на граничниот премин „Меџитлија“, преземени биле оперативно тактички мерки и во село Лажец, односно во близина на тамошната црква биле забележани двете лица како пеш се движат со две транспортни торби. По кусо време С.С. и А.Т. се фатени со две транспортни торби, и тоа: првопријавениот со патна торба во која што имало 17 најлонски паковки, а второпријавениот е затекнат со патна торба во чија внатрешноста биле спакувани 30 најлонски паковки со опојна дрога марихуана. Од извршената анализа утврдено е дека се работи за вкупно 33,423 килограми марихуана. Од страна на Судија за претходна постапка при Основен суд – Битола, на двајцата пријавени одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани