АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Радиото располагаше со 13 000 плочи, а музиката често пати ја изведуваа чалгиски оркестри во живо, сигналот стигнуваше далеку дури до плавиот Јадран, раскажува Диме Миновски.
„Бев пресреќен кога слушнав дека се зачувани 600 полочи од некогашната дискографска ризница на ‘Радио Битола’. Си реков ќе се спаси барем дел од големиот фонд да не заврши по буништа или во приватни колекции на дискофили“, вели Димче Миновски, еден од новинарите доајени на во најстарата локална радио станица во Македионија.
Третина од овој богат фонд, односно 200 албуми пред две и пол години беа презентирани на изложбата „Музиката на Радио Битола преку грамофонските плочи“организизирана во Центарот за култура во Битола. Недминлив дел од излобата беа старите плочи со хитови на Добри Ставревски кој првите снимки ги направил во Радио Битола, па на македонската фолк дива Виолета Томовска, Ѓоко Дончев, октет „Македонија. Од поранешната ју музичка продукција беа изложени прлочите „Ти си ми у крви“ на Здравко Чолич, „Ватра“ на Дивје Јагоде, „Битанга и принцеза“ на Бело Дугме и многу други.
Од 13 000 плочи зачувани 600
-Осумдесет проценти од програмата на „Радио Битола“ беше музичка. Од таму и големиот број на грамофонски плочи, а како што се развиваше техниката така се збогатуваше и фондот со плочи, па касети, ленти, цедиња. Низ Југославија имаше повеќе дискографски куќи кои ги снимаа плочите, а ние ги добиваме по слубена линија. Административно за секоја плоча се водеше сметка и точно се знаеше бројот на плочи со кои располагавме. Стигнавме до 13 000. Фондот беше многу богат, разнобразен, а најмногу се негуваше македонската песна-се присетува Миновски.
„Радио Битола“ беше најстарото радио од локален карактер. Програма почна да емитува во 1950 година, а музиката освен преку плочи, беше во голем дел изведувана во живо од битолски чалгиски оркестри. Миновски раскажува дека радиосигналот се слушал на далеку, па добивале писма дури и од слушатели на плавиот Јадран.
-Не само што ги задоволуваше слушателите од битолското подрачје, Радио Битола се слушаше многу подалеку. Низ цела Македонија, па и во делови од Егејска Македонија, во албанскиот дел на Преспа. Слушатели имавме од сите страни. Се случуваше писма да добиваме од Титовкиот бродот „Галеб“ некаде на Јадранското море. Ја слушаа „Радио Битола“ и ја препознаваа по песните- вели Миновски.
Радиото денес не постои
Но, по славното минато настапи кризата во работата, па овој битолски радио бренд веќе неколку години е во стечај. Дали ќе успее да се стигне до сите грамофонски плочи и останатиот музички фонд останува отворено прашање бидејќи не јас не знам каде се сите, додава Миновски.
Изложбата ја организираа Здруението на архивски работници „ Архивист2“ и Архивот од Битола. Покрај грамофонскиот фонд, во Архивот е зачувана дел од фонотеката на „Радио Битола“ која содри популарни емисии што се емитувале, џинглови, песни , дел испеани и од битолскиот славеј Ајри Демировски, познат по песната „Битола мој роден крај“ и многу други кои денес се музички белег на градот под Пелистер.
Ж.З.