2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Екипата која го постави првиот предавател за да се слуша Радио Битола

Март 25, 2018

Атанас Стојановски, Јонче Стојановски и Асен Даскаловски беа дел од екипата која го изгради и одржуваше првиот предавател на средни бранови за потребите на Радио Битола. Фотографијата од заслужната екипа, на која има и други челнови чии имиња не ни се познати, ни ја испрати битолчанецот Владо Стојанов , чиј татко учествуваше во оваа мисија-Битола да го добие првото локално радио во Македонија.

Тоа беше во 1950 година кога беше поставен предавателот со моќност од 2 KVV и служеше за покривање со радиосигнал на југозападните делови од нашата земја.

„Фотографијата е од од моментот на изградбата на првиот предавател за Радио Битола во 1950 година. Тоа и беа, колку што се сеќавам, и најзаслужните луѓе за изградба и одржување на првиот предавател на средни бранови за потребите на Радио Битола. Исто така, истите овие лица, а под иницијатива на мојот татко Стојановски Атанас-Ацко, беа тие кои што покасно 12.06.1958 година, организираа прва експедиција на врвот на Пелистер, со цел да утврдат, дали можи да се прима телевизиски сигнал од РАИ1, Италија. Експедицијата беше успешна и покасно Битола неколку години гледаше Италијанска телевизија, прв град на Балканот  во тоа време! За оваа експедиција поседувам многу слики, меѓу кои и првата примена слика на спикерот на вести на РАИ1“, ни пиша  Владо Стојанов, познат меѓу битолчани по обидот да ги негува спомените кон стара Битола и да одржува врски со стари градски битолски семејства кои се иселени од Битола.

Радио Битола, првото локално радио во земја проработи во 1950 година и доколку уште емитуваше програма , деновиве ќе славеше 68 години. За жал, поради неуспешната приватизација, Радио Битола пред осум години престана да емитува програма. Истото се  случи со сите 29 јавни локални радиостаници кое не успеаја да се приватизираат и згаснаа. Битолските новинари и техничкиот кадар дури три години одеа на работа без плата во надеж дека ќе се најде начин и помош да преживее радиото. Но, опкружувањето, локалната и државаната власт не покажаа слух.29341415 10215471730323380 2076557651 n

Извадок од монографија кој покажува дека Радио Битола беше првото локално радио во Македонија 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани