Денес на регионот на ЈЗУ Центар за јавно здравје- Битола потврдени се 11 нови случаи на COVID-19:
- 6 лица во Битола (на возраст од 16 до 85 години), од кои три лица даваат податок за контакт со веќе регистрирани позитивни лицa (фамилијарен контакт), а останатите три лица се меѓусебно не поврзани и не даваат податок за контакт со
позитивно лице;
- 5 лица во Кичево (на возраст од 25 до 62 години), меѓусебно не поврзани и без податок за контакт со позитивно лице;
Во Ресен и Демир Хисар денес не се регистрирани нови позитивни случаи на COVID 19.
Денес согласно алгоритмот регистрирани се 4 оздравени лицe од Битола.