2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Со вклучени сирени на автомобилите битолчани го слават историскиот пласман на фубалерите на Европското првенство

Ноември 12, 2020

 Низ улиците во Битола се слави победата на Македонската фудбалска репрезентација над Грузија, со која за првпат во историјата Македонија се пласира на Европско првенство.

Битолчани слават со вклучени сирени на автомобилите,  нив им се приклучуваат сите оние кои во тој момент се нашле низ сообраќајниците во градот.

Политичарите  преку социјалните мрежи им го честитаат овој голем успех на фудбалерите.  

-Историски успех на македонската фудбалска репрезентација! Браво момци, се гордееме со вас! Одиме на Европско, напиша  претседателот на државата Стево Пендаровски.

-Македонскиот фудбал оди на Европско! Конечно, имаме историски резултат благодарение на нашата репрезентација, на нашите херои. Гордоста и посветеноста победуваат, радувај се народе, напиша на ФБ премиерот Зоран Заев.

-Победа вредна 30 години и историски резултат. Честитки за јунаците кои со срце, вложена сила и талент покажаа дека Македонија може големи работи. Македонија ви се поклонува. Колку сме, толку сме, токму сме. Ние сме Македонци. Напред Македонијо, напиша  претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

И министерот за здравство, Венко Филипче, им честита на фудбалерите, но  и предупреди

-Браво момци Македонци! Секоја чест, испишувате историја! Голем ден за заслужено славје, сепак ве замолувам тоа да биде со почитување на мерките за заштита. Возбудата е огромна, но верувам дека ова е само почеток на прославите на успесите на македонската репрезентација.



 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани