АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Советот на Општина Битола на денешната седница донесе одлука, со која се усвојува сообраќајната студија и идеjниот сообраќаен проект со динамичка микроскопска симулација и организирање на режим на сообраќај во централно градско подрачје на град Битола, со граници на опфат (на север Булевар 1 ви Мај, на запад улица Кузман Јосифовски,на југ улица Солунска и исток улица 4 ти Ноември), информираат од Општина Битола
Со оваа студија се предвидува зголемување на површините за пешаци и велосипедисти, што ќе се реализира со изготвување на проектна документација, согласно законската регулатива.
Во Централното градско јадро на град Битола, како заштитено културно наследство, приоритет треба да имаат пешаците и велосипедистите. Студијата дава генерални насоки на понатамошниот режим на сообраќајот во иднина. Како основа за нејзина изработка, земени се, претходни плански документации: сообраќајна студија од 2011, ГУП, детални урбанистички планови и законските прописи.
Студијата е конципирана врз основа на извршена споредба на предвидените плански решенија и моменталната состојба на сообраќајот и содржи мерливи податоци за сегашното одвивање на сообраќајот во градот, сега и во иднина. Податоците треба континуирано да се ажурираат и да се постапува со конкретни мерки. Во процесот на изработка на студијата извршена е виртуелна симулација со софтверот VISSIM, при што идејните решенија, се проверени во виртуелниот модел.
Студијата е достапна на веб страната на Општина Битола.