2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

НА ДЕНЕШЕН ДЕН Во Битола е роден Рафаел Јосеф БАТИНО, учесник во НОБ

Јануари 14, 2021

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 14 ЈАНУАРИ1910  во Битола е роден Рафаел Јосеф БАТИНО (псевд. Мишо Цветковиќ), припадник на македонското националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Југославија. 

Основно и средното образование ги заврши во Битола. Студира во Мексико, каде што стана истакнат лидер на комунистичката младина и член на КП на Мексико.

Оттаму беше протеран и се врати во Битола во 1934 г., каде што ги организираше штрајковите на прокумунистичките Урсови синдикати во 1935 г.

Потоа се пресели во Скопје и ја продолжи револуционерната активност, заради што беше уапсен и осуден во 1936 г.

На робија во Сремска Митровица беше заедно со Моша Пијаде, Родољуб Чолаковиќ и други истакнати членови на КПЈ и стана "професор" на тамошниот "Црвен универзитет". Таму почна да подготвува речник и граматика на македонскиот јазик, го подготви првиот превод на Марксовиот "Капитал" на македонски.

Избега од затворот во 1941 г. и стапи во Посавскиот партизански одред. Потоа беше поставен за политички секретар на Обласниот комитет на КПЈ за Санџак - под името Мишо Цветковиќ во 1942 г.

Беше заробен од четниците на планината Љубишње кај месноста Вучји Клек, предаден на италијанските окупатори и стрелан во Плевље, Црна Гора, на 12 јули 1942 г.

Подготвил: д-р Александар Литовски, историчар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани