2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Битолскиот тим за спасување на планина на ДЗС учествуваше на тренинг вежбата „Попова Шапка 2018“

Март 06, 2018

Битолскиот тим за брз одговор и спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување,  викендов учествуваше на тренинг вежбата за спасување на планина „Попова Шапка 2018“, која е дел од планот за обуки на ДЗС за оваа година.

Тимот од Битола, чиј раководител е Пeтар Нолев, учествуваше со 11 спасувачи, со што уште еднаш се потврдува нивната подготвеност и функционалност за учество во спасувачки акции.

2

Темата на обуката беше спасување на планина и запознавање со основите на техниката на движење во зимски услови, тактиката за потрага и спасување на лица загрозени од лавини, извлекување со турно ски и ски санки, процедурите при употребата на тимовите за брз одговор , укажување на прва медицинска помош, згрижување на повредените и санирање на последиците, како и практична демонстрација на опремата со која располагаат тимовите.

3

- Анализирајќи ја работата на Дирекцијата за заштита и спасување од моето доаѓање на оваа функција, и при тоа увидувајќи ги слабостите во системот на цивилна заштита и неусогласеноста и некоординираноста помеѓу релевантните институции при справувањето со природните и други несреќи, фокусот на вежбата беше насочен кон интегрирање на персоналните и материјалните ресурси на надлежните институции, увежбување на координација и комуникацијата, со цел навремено дејствување заради спасување на човечките животи и материјалните добра, рече Аднан Џаферовски, директор на Дирекцијата за заштита и спасување.

На вежбата, покрај спасувачки тимови од Дирекцијата за заштита и спасување, учествуваа и тимови од Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, Црвениот Крст на Република Македонија, припадници на Федерацијата на планинарски спортови на РМ и други планинарски друштва.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани