Битолската  библиотека го одбележа 8 Април - Меѓународниот ден на Ромите

Април 08, 2021

Битолската  библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола  по повод одбележувањето на 8-ми април - Меѓународен ден на Ромите започна да го реализира проектот „Читаме   онлајн приказни на деца и родители во време на пандемија ковид 19“.

Проектот вклучува онлајн активности на деца и родители (читање на приказни)  како и активности поврзани со  едукација на родителите на децата за начинот на реализација и поддршка при совладувањето на наставните содржини преку користење на литература, лектири и дополнителни образовни ресурси.

Целната група се  деца Роми од 2 до 10 години и нивните родители и сите заинтересирани

Цел на проектот е  организирање на слободното време на децата, организирање на   виртуелни училници за едукација и  реализација на наставни активности на  децата од 2 до 10 години во време на пандемија COVID-19; поттикнување на креативноста во воспитно- образовниот процес кај учениците Роми

-Да им овозможиме на децата редовни дружби со книгата од мали нозе, да им го збогатиме детскиот вокабулар со нови зборови, да ја поттикнеме љубопитноста од најмала возраст, да им ја развиеме способноста за памтење и креативност. Децата се како сунѓери, да им овозможиме нови знаења во забавна и опуштена атмосфера, вели координаторот на проектот Фатма Бајрам Аземовска - раководител од областа на Развој на библиотекарството, меѓународна соработка, маркетинг и односи со јавноста.

Проектот ќе се реализира во наредните три месеци,  со поддршка на Министерството за култура на Република Северна Македонија. Работилниците ќе ги спроведува Гзиме Коминовска со помош на библиотекари од одделението за развој на библиотекарството.

По повод одбележувањето на 8-ми април – Меѓународниот  ден на Ромите се одржа работилница  за значењето на овој ден, одржувањето на првиот конгрес на Ромите, кои одлуки се донесени на овој значаен ден за ромското знаме и химнa.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани