2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Со европски пари ќе се реализира програма за интеграција на Ромите во општеството

Април 04, 2018

Советот на Европа со финансиска подршка од ЕУ, ќе ја реализира Програмата за поддршка и интеграција на Ромите на локално ниво -РОМАКТЕД во 12 општини во државата, а целта е е да се изгради политичка волја и одржлив политички ангажман на локалните власти за подобрување на демократското владеење и зајакнување на локалните ромски заедници. Програмата ќе трае до 2020 година, а денеска беше претствена пред членовите на Советот на општина Битола, невладините ромски организации и претставници на Ромите

-Целата е зајакнување на капацитети на локланата самоуправа и Ромите на локлано ниво. Преку оваа програма ќе се формираат групи на преставници од Ромската заедница и од локалната самоуправа и заеднички ќе ги решаваат горливите проблеми. Тоа нема да да биде обична листа на желби, туку граѓаните ќе бидат вклчени како активни фактори и така ќе ги чувствуваат промените“, вели Ферди Исмаили, од Демократската развојна асоцијација „Сонце“, национална организација за логистика за спроведување на програмата.

Програмата треба ќе биде врска меѓу надлежните институции и маргинилизираните граѓани од ромската заедница за поставување на приоритетите и решавање на проблемите со кои се соочуваат. 

„Менталитетот на граѓаните е дека локалната самоуправа, градоначалникот, Владата сите се надлежни да ги решаваат нашите проблеми, но никој не ја презема одговорноста да даде се од себе и да биде активен чинител. Оваа програма го прави токму тоа, ги зајакнува капацитетите, воспоставува мост со локланата самоуправа, за заеднички да се делува на одредени приоритети кои што ќе бидат дефинирани. Проблемите се познати, дел од ромската заедница припаѓа на маргиниализирани граѓани кои што се соочуваат со тешки социјлани проблеми и економски статус, а тука е и образованието. Тоа се клучните проблеми кои потоа се рефлектираат на сите сфери на општественото живеење. Фокусот кон кој ќе бидиме насочени се вистинските групи кои ги чувствуваат социо- економските проблеми“, вели еден од шесте фасцилитатори, Нешат Аземовски.

Крајните ефекти од оваа програма на Советот на Европа е унпаредување на социјалниот и економскиот статус на Ромите.

-Целта е Ромите да бидат активни чинители при решавањето на нивните проблеми . Уште на почетокот од разговорите инсистиравме Ромите да сфатат, дека тоа што се работи е нивно, а ние како општина максимално ќе ги понудиме нашите ресурси“, вели претседавачот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски.

Програмата се имплементира во земјите од Западен Балкан и Турција, а во март годинава беше официјално промовирана во Македонија, каде покрај Битола, вклучени се општините - Берово, Дебар, Гостивар, Кичево, Кочани, Прилеп, Струмица, Штип, Тетово, Велес и Виница.

romi2

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани