2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ОУ „Гоце Делчев“-Битола со тркалезна маса на тема „ПМ честички во воздухот континуиран убиец на сите“

Април 04, 2018

РЕК-Битола делумно загадува, зошто ако е најголемиот загадувач на воздухот во градот тогаш загадувањето би било во текот на целата година, а не само во текот на зимските денови, беше речено на денешната тркалезна маса во ОУ „Гоце Делчев“-Битола на тема „ПМ честички во воздухот континуиран убиец на сите“. Проектот е во партнерство на Регионалното географско друштво „Геосфера“-Битола, а идејата произлезе од прекумерното загадување на воздухот во Битола во текот на зимските месеци.

Наставникот по географија Благој Кочевски, ментор истакна дека во истражувањето на „Геосфера“ учествуваа над  дваесеттина  ученици и родители од училиштето кои под мотото „Сликај, постирај, алармирај “, активно се вклучија три месеци во проектот.

 received 224520928285161

-Дали РЕК-Битола е најголемиот загадувач на воздухот во градот? Оваа хипотеза делумно се потврди, поради поволното струење на воздухот исток-запад и запад-исток, имаме  слабо струење на воздухот од Пелагонија кон Пелистер и обратно. Ова значи дека аерозагадувањето со ПМ 10 и ПМ 2,5 честички од РЕК-Битола  добиваме само некаде околу 10 проценти. Тоа е директно загадување, меѓутоа индиректното загадување е големо. Тоа загадување не оди преку воздухот, туку преку почвите. Најголемо загадување имаме во зимските месеци и тоа од 16 до 20 часот попладне што е резултат на печките  на дрва за затоплување. Најчесто домаќинствата согоруваат водно дрво кое најмногу испушта ПМ 2,5 честички, кои се многу ситни и лесно можеме да ги вдишиме, рече наставникот по географија во ОУ „Гоце Делчев“, Кочевски.

received 224521028285151

Поттикнати од вклученоста и  ангажираноста на учениците  во проектот  ОУ „Гоце Делчев“ организира тркалезна маса на која ученици, родители, наставници и експерти дебатираа на тема аерозагадување. Настанот е дел од еко активностите МИМО и ЕКО проектот.

-Ние како ЕКО училиште, но и пилот училиште во проектот „Меѓуетничка интеграција на младите во образованието“, не само што ја подигаме еколошката свест, туку градиме и вредности и вештини за комуникација и интеграција, меѓу самите ученици, но и меѓу наставниците и родителите. Всушност градиме вредности за меѓуетничка интегрираност на младите во мултикултурно општество, рече  Билјана Стојковска, наставник  и еко координатор на проектот.

received 224521118285142

На настанот ученици од географската секција на училиштето на видео бим на македонски и албански јазик го презентираа истражувањето на „Геосфера“ и нивните препораки за намалување на загадувањето и последиците од него, најмногу заради штетното влијание и последиците врз здравјето на граѓаните на Битола.

Учениците предложија: пошумување на дел од ридовите околу Битола, зелени коридори, дрвореди од западната кон источната страна на градот во должина од 5 километри, зелена ограда околу коритото на реката Драгор, изградба на втор градски парк во близина на зградите Ремо.

На трибината свое излагање имаа лекарот Мартин Мицевски, Нешат Аземовски од „Биосфера“-Битола како и Јулијана Ивановска, инспектор за животна средина во Општина Битола, која рече дека долгорочно за намалување на загадувањето во градот треба да се размислува на таканаречената „чиста“ енергија , бидејќи работата на РЕК-Битола значи „нечиста енергија“.

-Факт е дека имаме проблем со загадувањето на воздухот и за решавање многу е битна свеста на луѓето, а за тоа се почнува од најрана возраст. Ми се допадна идејата на учениците за зелена Битола , можеби ова загадување не може да се реши преку ноќ, но овие предлог мерки  можат веднаш да се спроведуваат и брзо да донесат резултати, рече Ивановска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани