АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Во тек е спроведувањето на акцијата „Пост КОВИД - 19 мерки за превенција и опоравување во образованието за деца и возрасни“, финансирана во рамките на заедничкиот проект на Европската унија и Советот на Европа, РОМАКТЕД Програмата фаза 2, за „Промовирање на добро управување и зајакнување на Ромите на локално ниво“.
Советот на Европа со финансиска подршка од ЕУ, ќе ја реализира Програмата за поддршка и интеграција на Ромите на локално ниво -РОМАКТЕД во 12 општини во државата, а целта е е да се изгради политичка волја и одржлив политички ангажман на локалните власти за подобрување на демократското владеење и зајакнување на локалните ромски заедници. Програмата ќе трае до 2020 година, а денеска беше претствена пред членовите на Советот на општина Битола, невладините ромски организации и претставници на Ромите